Амбалажа која ќе ви помогне да продавате повеќе

Купувачите инсистираат веднаш да го најдат производот што го сакаат, дури и на пренатрупани полици во супермаркетите. Понекогаш купуваат нешто ново или делуваат импулсно. За што и да се работи, вистинската амбалажа прави огромна разлика – дали купувачите ќе препознаат бренд, ќе најдат производ и ќе го купат?

Дизајнот и бојата поттикнуваат препознавање и резултати.  Напите големи вложувања во софтвер и контрола на бојата ја поддржуваат свеста за брендот и конзистентноста на повеќе промоции и формати на продавници.  Тоа е од суштинско значење за нашите потрошувачи, заедно со инвентивни продажни места, за комуникација на брендот и успешно лансирање.

Но, тоа не е сè. 

Амбалажата постигнува многу повеќе, од поттикнување можен раст во брзоразвојни продажни канали до справување со брзата промена во традиционални формати за малопродажба и зајакнување на достапноста во самите продавници.

Клиентите ни кажуваат дека достапноста е од пресудно значење. Всушност, истражувањето од IGD откри дека 37% од клиентите би купиле алтерантивен бренд ако не го видат саканиот производ на рафтот.

Сите бизниси имаат потреба од продажба. Тоа им е во крвта. Ние долго време им помагаме на клиентите да успеат преку брз раст на продажбата, успешно лансирање на произодите, извонредни промоции, лидерство во категоријата и многу повеќе.

Ако сакате да дознаете како можеме да ви помогнеме да продавате повеќе стапете во контакт или прочитајте повеќе за клиентите на кои веќе им помагаме.