Пакувања за малопродажба и пакувања подготвени за рафтови
Трендот кон Пакувања за малопродажба (RRP) и пакувања подготвени за рафтови (SRP) создаде сосема нова наука за пакување.
Оптимални пакувања за малопродажба и пакувања подготвени за рафтови
Клучниот концепт е „think backwards from the shelf“. Сега е можно да се пресмета оптималната големина на едно пакување за одреден тип и количество на еден производ за соодветна големина на рафт и за позната стапка на продажба и надоместување.
Продавачите денес гледаат голема можност да го интегрираат дизајнот за пакувања за малопродажба (RRP) и пакувања подготвени за рафтови (SRP) во промотивниот микс за да создадат продажба во продавницата, на местото на купување. Сè повеќе соработуваме со продавачи за да им помогнеме да постигнат резултати кај купувачите, без оглед дали се работи за позиционирање на бренд, визуелно истакнување во категоријата или успех во рекламните промоции.
Пакувањата за малопродажба и пакувањата подготвени за рафтови ја поттикнуваат продажбата и овозможуваат побрзо движење на производите за широка потрошувачка
Пакувањата за малопродажба и пакувањата подготвени за рафтови може да ја подобрат профитабилноста од фабрика до продавница, да ги намалат трошоците во синџирот на набавки, да ја зголемат достапноста на производот и ефикасноста на снабдувањето, како и да го поддржат вистинскиот изглед и чувство за производот или брендот.
Резултати од добри пакувања за малопродажба и пакувања подготвени за рафтови
Во продавницата, типичните резултати од добриот дизајн на пакувањата за малопродажба и пакувањата подготвени за рафтови вклучуваат:
- Повеќе залиха и поголема палета на рафтот
- Побрзо снабдување во продавницата
- Подобра достапност
- Комуникација со брендот и промоција
- Успешни воведувања
- Добро тргување
- Видливост на производот и лесно снаоѓање за купувачите
Во синџирот на набавки, добрите пакувања за малопродажба и пакувања подготвени за рафтови може да предизвикаат заштеда во пари и штетни гасови
- Повеќе испорачани производи по палета и преместување на помалку палети
- Помалку возила за доставување на патиштата
- Помалку складирање за празни пакувања и стоки што чекаат испорака
- Без дополнителни подредени пакети во фиоките
- Ефикасно пакување, без разлика дали е автоматизирано или не