Политика за приватност
1.Вовед
DS Smith знае колку е важно да ги користиме вашите лични податоци транспарентно и одговорно и се обврзува да ги заштити личните податоци. Во оваа Политика за приватност („Политика“) е објаснето како DS Smith постапува со вашите лични податоци кога ќе стапите во контакт со нас како клиент, потенцијален клиент, добавувач, партнер, деловен контакт, учесник на некој наш настан, корисник на која било наша веб-локација, претплатник на нашите маркентишки комуникации или, пак, некој друг кој стапува во контакт со нас.
DS Smith („ние“, „нас“, „наш“) се однесува на DS Smith Plc со регистрирана канцеларија на адреса „1 Paddington Square, Лондон, Обединето Кралство, W2 1DL“ и нејзините подружници и филијали. Можете да нѐ контактирате и по е-пошта на data.privacy@dssmith.com
DS Smith може да собира лични податоци од вас како дел од нашите деловни активности, вклучително и преку вашето користење на нашите веб-локации, кога нѐ контактирате или барате информации од нас, барате понуда, купувате од нас, ни продавате нам, користите наши услуги, нам ни давате услуги, присуствувате на наши настани, се претплатувате на нашите маркетиншки комуникации или како резултат на вашиот ангажман со нас.
Од вас ги собираме следниве категории лични податоци:
- Основни информации и податоци за контакт, како што се вашето целосно име и титула, компанијата во која работите, вашето звање или позиција, адреса, телефонски броеви и адреса на е-пошта;
- (проценет) стаж, мотивација за купувањето и влијание врз одлуките за купување на клучните лица за контакт;
- ако создавате онлајн-сметка – вашето корисничко име, лозинка;
- финансиски информации, како што се податоци за банкарска сметка и други детали за плаќање;
- технички информации што се собираат преку колачиња и други технологии за следење, како што се информации од вашите посети на нашите веб-локации или дигитални платформи, информации за прелистување и користење уреди или кои се однесуваат на електронските материјали и маркетиншките комуникации што ви ги испраќаме;
- информациите што ни ги давате за потребите за присуство на нашите настани или, пак, посета на нашите локации, вклучително и барања што се однесуваат на режимот на исхрана или на пристапноста.
- вашите поставки за маркетинг (предмет на добивање ваша изречна согласност ако тоа се бара во согласност со важечкиот закон);
- сите лични податоци содржани во вашето барање, прашање или коментар и
- кои било други лични податоци што можеби ќе ни ги дадете.
Придаваме големо значење на одговорното собирање лични податоци што можеме да ги собираме директно и индиректно.
Личните податоци ги собираме директно од вас ако:
- нѐ контактирате, поставите прашање или, пак, побарате понуда;
- пополните формулар на која било наша веб-локација;
- се регистрирате на која било наша веб-локација или дигитална платформа;
- сакате да присуствувате или, пак, сте присуствувале на кој било наш настан;
- сакате да посетите или сте посетиле некоја наша локација или канцеларија;
- се претплатите на нашите електронски материјали и маркетиншки комуникации;
- доставите понуда или, пак, ни го претставите вашето работење;
- ја претставувате вашата компанија во работењето со нас како купувач или добавувач
- ги користите или, пак, ги посетувате нашите веб-локации или дигитални платформи;
- директно комуницирате со нас.
Како дел од нашето работење, личните податоци може да ги прибавуваме индиректно од различни извори, како што се од доверливи даватели на услуги од трети страни, јавни органи, регулатори или тела за спроведување на законот. Ако сте направиле вашите информации за контакт да се достапни на веб-локацијата на вашата организација, може да ги искористиме овие информации за да ве контактираме. Ако склучуваме договор, вашите лични податоци може да бидат ставени на располагање на безбеден и доверлив начин. Можеме да пристапиме и до јавно достапни извори, како што е LinkedIn, како и да собираме информации од други извори на трети страни, во согласност со сите важечки законски барања.
DS Smith може да ги користи вашите лични податоци за целите опишани во оваа Политика или за цели што ви се соопштени. Овие информации може да ги користиме за следниве цели:
- за да одговориме на/или да постапиме со ваше барање или прашање;
- за интерно водење евиденција;
- да ве контактираме (директно, или од Компанијата или која било од нејзините филијали, или преку партнер или агент) преку е-пошта или телефон од горенаведените причини;
- предмет на ваша согласност онаму каде што е потребно според важечките закони, за спроведување директен маркетинг и/или маркетинг преку е-пошта на кој сте се претплатиле или сте го побарале;
- ако е потребно како дел од какво било реструктурирање на Друштвото или продажба на кој било бизнис или средства на Групацијата;
- за извршување каков било договор што Групацијата го има со вас;
- за одржување и подобрување на нашите веб-локации;
- за контрола на пристапот до нашите простории и за безбедносни цели;
- за правни, регулаторни цели, цели за раководење и управување со ризик, вклучително и воспоставување, остварување или одбрана на нашите законски права, усогласување со законските и регулаторните обврски и
- да комуницираме со вас и да ве информираме за релевантни информации или објави.
Ние користиме колачиња и слични технологии од трети страни за различни цели, вклучувајќи аналитика, маркетинг и подобрување на функционалноста на веб-локациите. Овие технологии ни овозможуваат да го анализираме користењето на страницата, да ги оптимизираме нашите услуги и да спроведуваме маркетинг активности како што е повторното таргетирање, што ни овозможува да прикажуваме релевантни реклами на корисниците кои претходно ја посетиле нашата веб-локација додека прелистуваат други веб-локации. Овие услуги може да поврзат податоци со вашиот прелистувач или уред. Ве молиме прочитајте ја нашата политика за колачиња овде. Може да се откажете од персонализирано рекламирање со прилагодување на вашите поставки на овие платформи, користење на поставките за колачиња на вашиот прелистувач или инсталирање на додатокот за прелистувач за откажување од Google Analytics, достапен овде. До вашите податоци може да се пристапи и/или да се избришат преку страницата „Моја активност“ на Google. Ако изберете да се откажете, можеби нема да можете да ја користите целосната функционалност на оваа веб-локација.
Нашата правна основа за обработка на вашите лични податоци вклучува:
- Понекогаш ги обработуваме вашите лични податоци со ваша согласност (на пример, кога ќе се согласите дека можеме да поставиме колачиња или да ги обработуваме информациите што ги внесувате на нашата веб-локација, на пр. формулари, анкети).
- Во други прилики, ги обработуваме вашите лични податоци ако треба да го сториме тоа за да ги исполниме обврските од договорот со вас (на пример, заради наплата) или ако тоа законски се бара од нас (на пример, за исполнување на владините обврски за водење евиденција).
- Исто така, ги обработуваме вашите лични податоци кога тоа е во наш легитимен интерес и кога овие интереси не се над вашите права за заштита на податоците (на пример, кога споделуваме лични податоци со нашите филијали).
- Вашите лични податоци може да ги обработуваме и ако треба да исполниме некоја законска или регулаторна обврска.
DS Smith е мултинационална компанија која ја сочинуваат подружници што се наоѓаат во различни земји. Следствено на тоа, вашите лични податоци може да бидат споделени или обработени од еден или повеќе субјекти во рамките на DS Smith.
Вашите лични податоци може да им бидат ставени на располагање и на трети страни како што се:
- добавувачи, даватели на услуги како што се ревизори или професионални советници;
- даватели на телекомуникациски услуги, услуги за ИТ-хостинг и ИТ-одржување;
- осигурителни компании и финансиски менаџери;
Овие трети страни може да користат информации за вас за да ги извршуваат своите функции во наше име. Компанијата има воспоставено различни мерки за безбедност и приватност на податоците, вклучително и со такви трети страни за да ги заштити вашите лични податоци.
Можеме да откриеме конкретни информации по законско барање од владините органи, органите за спроведување на законот и регулаторните органи, онаму каде што тоа е потребно или дозволено со закон, како и за даночни или други цели. Личните податоци исто така може да им бидат објавени на трети страни како одговор на правни процеси, и кога потребно за да се испочитуваат законите, или да се спроведат нашите договори, корпоративни политики и услови за користење или да се заштитат правата, имотот или безбедноста на Групацијата, нашите вработени, агенти, клиенти и други лица, како и на страните за кои сте ни дозволиле да ги објавиме вашите лични податоци.
Вашите лични податоци не ги продаваме на трети страни.
Дел од пренесувањето на личните податоци беше објаснет погоре. Поединците во Европската економска област („ЕЕО“) треба да знаат дека примателите на нивните лични податоци, во рамките на Групацијата или трети страни (како што е наведено во ова известување), може да не се наоѓаат во рамките на ЕЕО, туку да се наоѓаат во земји кои можеби немаат еквивалентна заштита на личните податоци како оние во рамките на ЕЕО. Во тој случај, ќе бидат преземени чекори за заштита на вашите лични податоци во согласност со важечкиот закон. На пример, податоците ќе бидат соодветно заштитени со стандардни договорни клаузули, соодветна сертификација за Рамка за заштита на податоците или обврзувачките корпоративни правила за добавувачи.
Вашите лични податоци ги чуваме онолку долго колку што е разумно потребно за да ги исполниме целите за кои се собрани. Задржувањето на вашите лични податоци од наша страна ќе биде во согласност со нашата политика за задржување и со важечкото законодавство за заштита на податоците. Вашите лични податоци безбедно ќе ги уништиме или избришеме на крајот од важечкиот период на чување.
Некои од личните информации што ги задржуваме ќе се чуваат во хартиени датотеки додека, пак, други ќе бидат вклучени во компјутеризирани датотеки и електронски бази на податоци.
Имаме воведено соодветни технички и организациски мерки за да спречиме случајно губење, користење или пристап до вашите лични податоци на неовластен начин, нивно менување или откривање.
Имате голем број права врз вашите лични податоци. Можете:
- да побарате пристап: имате право да побарате од нас копија од личните податоци кои ги имаме за вас;
- да побарате исправка: можете да побарате од нас да ги исправиме вашите лични податоци за кои сметате дека се неточни или да ги комплетираме вашите лични податоци за кои сметате дека се нецелосни;
- да поднесете приговор за обработка: имате право да поднесете приговор за обработка на вашите лични податоци во одредени околности, вклучително и откажување од директен маркетинг;
- да ја ограничите обработката: имате право да побарате од нас да го ограничиме начинот на кој ги користиме вашите лични податоци;
- да побарате бришење: имате право во одредени околности да побарате од нас да ги избришеме вашите лични податоци;
- да побарате пренос на вашите лични податоци: имате право да побарате да ви ги испратиме вам или на друг субјект личните податоци што ги имаме за вас;
- поднесете жалба до вашиот локален надзорен орган за заштита на податоци доколку сметате дека вашите права се повредени.
Некои од горенаведените права можете да ги искористите само во ограничени околности, утврдени со правната основа за собирање на вашите лични податоци.
Контактирајте нѐ на data.privacy@dssmith.com ако сакате да остварите некое од вашите права за приватност.
Редовно ја ажурираме оваа Политика за приватност за да ги наведеме промените во начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци. За сите најнови информации во тој поглед, редовно проверувајте ја оваа веб-локација.
Јули 2024