Стратегија
Нашата визија е да станеме водечки снабдувач на одржливи решенија за пакување. Планираме да успееме преку нудење на одлична услуга, квалитет, иновации и еколошки решенија за нашите клиенти.
Нашите вредности
- Грижливи: Се гордееме со она што го правиме и се грижиме за нашите клиенти, нашите луѓе и светот околу нас.
- Доверливи: Секогаш може да ни се верува дека ќе ги исполниме нашите ветувања.
- Спремни за предизвик: Не се плашиме конструктивно да се предизвикуваме едни со други и себеси, за да најдеме подобар пат напред.
- Одговорни: Бараме нови идеи и разбирање и брзо реагираме на можностите.
- Упорни: Ги завршуваме работите.
Стратешки цели
DS Smith има за цел да биде водечки снабдувач на одржливи решенија за пакување. Сакаме да станеме доверлив и стратешки партнер на нашите клиенти, обезбедувајќи иновативни решенија за пакување за сите нивни потреби.
Со фокусирање на нашите стратешки цели, ќе обезбедиме атрактивни, одржливи приноси на нашите акционери и ќе ги задоволиме потребите на сите наши засегнати страни. Ги поставивме следните цели и нашите ветувања како да ги достигнеме.