Размуслување за циклусот на снабдување

Кога ќе почнете да размислувате за целиот циклус, тогаш ќе ја согледате целокупната слика за комплексноста на процесот, мислите почнуваат да се надополнуваат меѓусебно со што се добива поефикасен начин на размислување.

Менаџерите честопати мислат дека циклусот на снабдување е едноставна, права линија. Ние сметаме дека така не се забележува глобалната слика. Камионите и бродовите честопати се враќаат празни, амбалажата на потрошувачките производи треба да се рециклира, а оштетените предмети постојано се враќаат. Покрај тоа, на социјалните медиуми постојано се разменуваат информации од следењето на траекторијата на камионите, па сè до повратните информации од клиентите.

Нашата цел е да предвидуваме и решаваме проблеми подобро од нашите конкуренти. Со широк опсег на стручност во различни области, вклучувајќи дизајн, производство и рециклирање, може да го понудиме најдобриот можен квалитет.

Иновативните решенија и одличната услуга ни овозможуваат да ги задоволиме сите потреби на нашите клиенти. Ова го нарекуваме „Supply Cycle Thinking“ – овој унифициран процес ги елиминира сложените методи, им го олеснува животот на клиентите со создавање на ефективен, поедноставен пристап.