Придружете им се на нашите експерти на патување
Пакувањето е многу повеќе од само кутија. Тоа влијае на сè.
Само помислете за репутацијата на Вашиот бренд. Актуелни видеа за распакувување на производи. Вашиот еколошки отпечаток. Но исто толку ефективност на трошоците, ефикасноста на складиштето или продажбата во маркетите. И, секако, оригиналната цел на пакувањето: заштита на Вашите производи.
Кога е направено правилно, може да генерира заштеди, да Ви даде можност да останете пред конкуренцијата и да станете поодржливи. Но од каде да почнете?
Време е да го откриете големиот потенцијал на Вашето пакувањето како би можеле да влијаете на Вашиот бизнис. Нашите физички, виртуелни и хибридни состаноци како и нашите локации за истите се исполнети со интересни, инспиративни и имерсивни искуства за Вашиот тим. Преку заедничко создавање, активно слушање и предизвикувачки претпоставки, ние размислуваме заедно, откриваме заедно и твориме заедно.
Што можете да очекувате од нашите состаноци?
- Останете во тек со нашите презентации за надворешни макро, малопродажни, потрошувачки и купувачки трендови;
- Увидете ги импликациите од пакувањето и POS на синџирот на снабдување во практични симулации;
- Разберете студии на случај преку реални примери
- Поставувајте прашања на експертите на DS Smith и надворешните партнери за одржливост, иновација и истражување и развој;
- Откријте можности, развиете идеи за прв концепт и ги преземајте следните чекори заедно со нас.