Тетра обвивка
Тетра обвивките од брановидни плочи се така дизајнирани да можат да се формираат според производите на лентите за автоматско полнење и пакување.
Визуелно, како една од наједноставните форми на амбалажа, тетра обвивките бараат техничко знаење и строга контрола на квалитетот за да се овозможи висока ефикасност на брзите ленти.
За да се одговори на побарувачката за тетра обвивки кои се користат како амбалажа подготвена за малопродажба што се отвора во продавницата, нашите тимови од дизајнери работеа заедно со специјалисти во таа област. Резултатот е врвна технологија за перфорирање која овозможува брзо, доследно и чисто перфорирање, без да влијае врз перформасите и квалитетот на работата во Supply Cycle.