Пијалаци
Важно е да не се заборави едно од основните очекувања за амбалажата: заштитување. Обично пијалаците се тешки производи и за нив треба особено внимание за време на транспортот.
Треба да бидат лесни за носење и лесни за користење, а отпадот од амбалажата треба да се намали колку што може повеќе. Тоа го прави развојот на амбалажа во овој сегмент уште потежок отколку порано.
Амбалажата сега мора цврсто да ги штити производите, но и да биде естетски привлечна за во продавница, а тоа значи создавање нови предизвици за клиентите.
Во денешно време, развојот на технологиите за печатење овозожува помали, но многу исплатливи тиражи на печатење. Со тоа се постигнува висококвалитетен графички печат и во флексографија и во литографија.
Сè повеќе се користат материјали како што се брановидни картони со мала ширина, коишто се многу корисни за логистика и за печатење. Исто така, сè повеќе се користат 8 бои и лакови, како и метализирани мастила. Овие карактеристики создаваат нови можности за производителите на пијалаци да користат брановидна картонска амбалажа, што претставува додадена вредност при продажбата.
Нашата тесна соработка со малопродажните дистрибутери ни овозможи да развиеме вистинска стручност во решенијата за пакување за сите видови пијалаци.
Од амбалажа подготвена за малопродажба до продажно место, како и картонски палети и тетрапак, ние произведуваме голем број видови амбалажа за да ги задоволиме потребите на сите клиенти.