consumer-packaging.gif

Амбалажата за широка потрошувачка ги истакнува вашите производи

Амбалажата за широка потрошувачка игра главна улога на пазарот каде што околу 70% од одлуките за купување се носат на продажното место.

Улогата на амбалажата за широка потрошувачка

Како никогаш досега, амбалажата за широка потрошувачка има клучна улога во вкупното искуство со производот: продажната амбалажа е медиум за комуникација што го поврзува вашиот производ со потрошувачот. Затоа ние постојано ги зајакнуваме нашите способности за дизајн се со цел ефикасно да ги претопиме информациите од потрошувачите во иновативни концепти на продажна амбалажа.


Се стремиме не само да зборуваме на јазикот на нашите клиенти, туку додаваме вистинска вредност во трансформацијата за постигнување на одличен потрошувачки маркетинг и придонесуваме за тоа вашиот производ да се истакнува со својата продажна амбалажа.

Придобивки од продажната амбалажа

Нашата палета на продажна амбалажа гарантира дека ќе го подобри и заштити вашиот бренд и производ. Нудиме брановиден картон како материјал за амбалажа, флексо печатење и завршни техники (лакирање и шиење) за идеални решенија приспособени на вашите потреби.