Shelf Ready Packaging (SRP): 5 придобивки за Вас и Вашите купувачи

Дали некогаш сте купиле чоколадо за кое сте имале желба при излез од продавница? Ако е така, не сте единствени. Околу 70% од одлуката се носи дирекно во продавница. Начинот на кој производот е презентиран игра голема улога во тоа.

Доколку купувачот не може да го најде производот кој обично го купува, дури 37% од купувачите во тој случај ке земат следна достапна алтернатива ( во 5-10% од случаевите). Воведувањето на SRP-a (Shelf Ready Packaging), кој е исто така познат како RRP (амбалажа спремна за малопродажба) – во голема мера ке ја зголеми видливоста на производите на полица.

SRP го подобрува синџирот на снабдување и ефикасноста при самото купување.

5-10% од Вашите производи не се достапни во продавница
5-10% од Вашите производи не се достапни во продавница

Што е всушност Ѕhelf Ready Packaging?

Да поедноставиме, SRP е збирно пакување на Вашиот производ кое е спремно за маркетите. Овозможува производот да биде доставен во продавницата, но исто така претворен за неколку секунди во пакет каде ке бидат изложени производите на полица.

SRP нуди 5 важни предности:

image3ugyl.png

Не е ни чудо што SRP станува пошироко распространет. Само во Велика Британија, уделот на SRP во многу категории надминува 80-90% од пакувањата на полиците.

Всушност, системот е толку лесен за користење, што еден од главните синџири Walmart  измислил свое име PDQ – pretty darn quick што многу убаво ја опишува суштината на овој вид на пакување.

Да ги разгледаме 5-те главни бенефиции на SRP.

1.SRP - Полесна идентификација на производот

Shelf Ready пакувањето обезбедува совршено бело платно за вашето брендирање. Ако се направи добро ке служи како бесплатен простор за рекламирање. Shelf Ready пакувањето секогаш треба да се смета за ваша примарна амбалажа, повторувајќи ги истите, јасно препознатливи бои, букви и лого. На овој начин, визуелно ќе заземете повеќе простор на полицата.

Shelf Ready амбалажата ја подобрува видливоста на Вашиот производ на полица

Истражувањата покажуваат дека SRP го забележуваат 76% повеќе клиенти.

Постојат 3 работи на кои треба да обрнете внимание:

 

  1. 1. Осигурајте се дека вашиот SRP не ја покрива пораката на примарната амбалажа туку ја истакнува.
  2. Користете ги сите страни на пакувањето за да ја пренесете пораката на вашиот бренд. Брз или неискусен продавач би можел да го искористи вашиот SRP на погрешен начин.
  3. Не заборавајте да ја користите внатрешноста на пакувањето. Ако производот се продава брзо, продажниот персонал нема секогаш да има време да го замени. Празниот картон не е баш најдобрата слика

2.SRP - полесно отворање на пакувањето

Транспортните картонски пакувања често бараат сечење, што бара многу време и напор. Уште полошо: лизгањето на ножот може да го оштети Вашиот производ. Околу 56% од клиентите имаат искуство со оштетени производи, што има негативно влијание врз начинот на кој се доживува производот.

56% од купувачите се сретнале со оштетени производи.
56% од купувачите се сретнале со оштетени производи.

Shelf Ready пакувањето помага да се елиминира потребата од ножеви и да се избегне непотребно двојно ракување со вашиот производ.

Идеалната Shelf Ready амбалажа има:

  • Два дела - дно и капак кој лесно може да се отстрани или
  • Перфорација која овозможува лесно отворање на кутиите.

3.SRP - полесно редење на полица

Бидејќи SRP бара минимално распакување при редење на полици, продажниот персонал може да замени празен SRP многу побрзо, што помага да се намалат трошоците за персоналот. Бидејќи во моментов нема начин да се автоматизира овој процес, тоа е голема предност што употребата на SRP е побрза и поефикасна.

80 отсто од трговците веруваат дека SRP може да придонесе за зголемување од 4% на продажбата.

Со нудењето на Shelf Ready пакување, станувате посакуван бизнис партнер и Вашата конкурентност расте.

3 дополнителни начини со кои се зголемува достапноста на производот на полица:

  1. Подобрена манипулација со бар кодот.
  2. Поточно броење на залихата
  3. Побрза идентификација на производот во магацинскиот дел на продавницата

 

4.SRP - олеснето купување за потрошувачот

Бидејќи Shelf Ready пакувањето го подобрува квалитетот на производот,по веројатно е  купувачите да го забележат и купат вашиот производ. И купувачите се свесни за ова: 53% од клиентите сметаат дека SRP ја подобрува комуникацијата со брендот (исто така 85% од клиентите мислат дека маркетингот во продавницата е повлијателен од маркетингот надвор од продавницата), а околу 42% од купувачите сметаат дека SRP го олеснува купувањето.

42% од купувачите сметаат дека SRP го олеснува купувањето.
42% од купувачите сметаат дека SRP го олеснува купувањето.

3 дополнителни начини со кои може да се уверите дека SRP овозможува незаменливо задоволство кај купувачите:

  • Не дозволувајте SRP да биде преголем. Големите пакети се потешки за продавање бидејќи муштериите не сакаат да стигнат до крајот на кутијата за да го дофатат вашиот производ.
  • Проверете ја стабилноста на Вашиот производ во кутијата: осигурајте се дека другите производи нема да паднат ако клиентот земе еден. Неуредните дисплеи не се привлечни.
  • Станете иновативни и користете го вашиот SRP за да ја забрзате активацијата на брендот. Исто така, зошто да не експериментирате со QR или баркодови со цел да се откријат дополнителни информации за вашиот производ?

 

5.SRP – по лесна рециклажа

Бидејќи shelf Ready пакувањето користи минимална количина материјал, празните кутии лесно можат да бидат сплескани и рециклирани. Но, дури и пред да бидат рециклирани, изборот на ефикасни Shelf Ready пакувања над традиционалната транспортна амбалажа, нуди бенефиции за вашиот синџир на снабдување и животна средина.