Дали вашата пиварa го користи вистинскиот пристап за пакување?

Индустријата за пиво има значително влијание врз животната средина. Од жито до пакување, сите аспекти на производството и испораката на пиво на пазарот се оптоварени со еколошки предизвици, а потрошувачката на вода и енергија се два од главните еколошки проблеми со кои се соочуваат пиварите. Потрошувачите се повеќе се еколошки свесни и сакаат поодржливи решенија за пакување. Токму со овие решенија можеме да и помогнеме на пиварската индустрија да го намали влијанието врз животната средина.

Замена на пластиката и влијанието на индустријата за пиво врз животната средина

Три четвртини од Европејците се загрижени за количината на пластика што влегува во океаните секој ден. Секоја година во Европа се произведуваат над 20 милиони тони пластична амбалажа, додека само 9% се рециклира, 12% се согоруваат, а околу 79% завршуваат на депониите или во океаните. Ако не направиме ништо, до 2050 година би можело да има повеќе пластика од риби во океаните. Сметаме дека овој проблем не може да се реши само со рециклирање, неопходно е да се создаде поодржлив и поциркуларен систем на економија. Според тоа, нашите дизајнери развија низа одржливи алтернативи на пластиката за еднократна употреба што се користи во амбалажата на пиво. Според истражувањата, дури 71% од потрошувачите на пиво сметаат дека е исклучително важно пивските брендови да бидат еколошки. Затоа, со цел да ги задржиме нашите потрошувачи, препорачуваме одржливи решенија за пакување кои ја штитат нашата животна средина од загадување.

Откријте ја иднината на амбалажата за пиво!

Нашиот последен извештај „Имајте го вистинското влијание“ ќе Ви каже повеќе за тоа како Вашето пиво да се истакне во смисла на одржливост. Не само со елиминирање на пластичната амбалажа за еднократна употреба, туку и со намалување на CO2. Исто така, ќе ви покажеме како им помагаме на пиварите да се соочат со предизвиците на е-трговијата и зголемената извозна конкуренција. Преземете го нашиот извештај денес. Тоа може да Ви даде конкурентна предност и да Ви помогне да успеете во денешниот предизвикувачки и променлив свет.