DS Smith Скопје и Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје засадија 150 сертифицирани садници во повеќе градинки и училишта во градот Скопје и го формираа првиот урбан овошен компаниски парк.
DS Smith Скопје заедно со Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје работеше на повеќе месечен проект во есенско зимскиот период, со цел заокружување на целиот петгодишен циклус на соработка.
Во месец декември DS Smith Скопје донираше 75 различни овошни садници во повеќе градинки и училишта во градот Скопје. Со тоа нашата компанија покажа одговорно, но и посветено работење, работење кое покажува дека се грижиме за нашата животна околина и за најмладите кои учат во школите и градинките во градот Скопје. Акцијата беше спроведена во месец декември во неколку скопски општини каде беа опфатени повеќе образовни институции. При процесот на садење беа присутни и најмладите на кои од страна на стручните лица од ФЗНХ Скопје им беше објаснет целиот процес на правилно садење на садниците, но пред се и важноста од одговорното и одржливо работење и придонесување за почиста животна околина.
Исто така по повод нашиот јубилеј од 75 години од основањето на првата фабрика, ФЗНХ Скопје ни подари 75 сертифицирани садници кои беа засадени во кругот на фабриката DS Smith Скопје и со тоа го создадовме првиот урбан овошен компаниски парк. Нашата компанија е првата компанија која формира овошен парк, каде покрај придобивки за животната средина, придобивка ќе имаат и самите вработени во компанијата.
Покрај нашето континуирано одговорно одржливо работење со овој чин се приклучуваме на светската кампања: Нашите активности се наша иднина – Возможно е нулта глад во светот до 2030 година.
Со повеќе овошни паркови до нулта глад во светот!