Споделен предизвик, споделена цел
Работејќи заедно развиваме увид за амбалажата која ви помага да ја зголемите продажбата, да го намалите трошокот и да управувате со деловните ризици.
Амбалажата која одговара за сè никогаш не е добра.
Наместо тоа, добрата амбалажа е направена по мерка. Дава добри резултати за вас, било да сакате купувачите да ви бидат лојални, да привлечете купувачи, да ја подобрите достапноста, да спречите оштетување на производот или да ги намалите трошоците за дистрибуција.
Тоа го нарекуваме Размислување за циклусот на набавка. Вистинската амбалажа постојано постигнува резултати, повторно и повторно, секогаш кога ќе го пакувате производот.
Соработка во средиштето на пристапот PackRight
Ова го правиме секој ден, насекаде. Го нарекуваме PackRight. Го користиме нашето име за нашиот начин на работа – работиме во соработка со вас за да ви помогнеме да ги постигнете саканите резултати.
За да го направиме пристапот PackRight колку што може поуспешен, воведовме голем број иновативни алати и објекти, вклучувајќи ги и нашите центри на влијание и центрите PackRight.
Работилница во центар на влијание , според вашите конкретни интереси, претставува уникатно доживување кое ви овозможува да ја допрете, почувствувате и да ја видите амбалажата на дело во секоја фаза од циклусот на набавка. Нашите центри PackRight нудат колаборативни, интерактивни сесии како помош да се дефинира амбалажа која создава најголема придобивка за вас. Со јасни критериуми за успех, нашиот посветен тим од стручњаци, со поддршка од најмодерни алатки, ќе ја развие и ќе ја испорача идеалната амбалажа за вас.
Патот до вашата идеална амбалажа поминува во нашиот процес на развој од 4 чекори