Поднесување
Постери мора да бидат поднесени од вработен во DS Smith, родител или старател.
Поставената датотека треба да биде скенирана копија или фотографија на постерот, но може да биде и дигитална датотека. Не смее да има слики од деца меѓу материјалите што ги поднесувате.
Постери мора да бидат доставени до internal.communications@dssmith.com.
Потребни ни се следните информации кога го поднесувате постерот*:
- Назив на постерот
- Името на детето
- Возраста на детето (со бројки)
- Целосно име на вработеното лице (родител или старател)
- Земјата во којашто живее вработеното лице (родител или старател)
- Локацијата на којашто работи вработеното лице
- Опишете со 200 зборови или помалку за што се работи во постерот и зошто темата претставува важен проблем за одржливоста на животната средина, на пример: „Постерот е за намалување на потрошувачката на вода со тоа што нема да оставаме непотребно да тече чешмата додека миеме заби или додека се тушираме. Ова е важно бидејќи во моментов користиме премногу вода, а водата е важен ресурс за заштита и опстанок на светот околу нас.“
Постерите можете да ги испратите и на адресата долу со прикачен опис.
Поштенска адреса: Annabelle Dove, DS Smith Plc, 350 Euston Road, London, NW1 3AX. England.
*Личните податоци што ги собираме од вас ќе се користат само за целите на натпреварот. Ние ќе ги користиме личните податоци исклучиво за да ги идентификуваме, да ги известиме победниците и да комуницираме за предизвикот внатрешно и надворешно. Ние ќе ги задржиме личните податоци само 12 месеци по завршувањето на натпреварот на 11 март 2019 година. Родителите или старателите на детето мора да дадат дозвола детето да биде дел од натпреварот и постерите треба да бидат поднесени од страна на родителите или старателите. Родителите и старателите можат да ја повлечат својата согласност за ДС Смит да ги задржи и да ги користи личните податоци во секое време. Сите прашања или барања за повлекување на согласноста треба да бидат доставени до internal.communications@dssmith.com