Иновативни решенија за иновативни бизниси
Formlabs е пионер со седиште во САД во 3D печатачите, снабдувајќи клиенти низ различни сектори, од инженерство до образование, производство па се до медицината. Тие имаат потреба од амбалажа од повеќе материјали за да ја заштитат нивната опрема од висока вредност во текот на транспортот и испораката, како и лесно отворање при пристигнување кај крајниот клиент. Дополнително, амбалажата треба да ги исполни барањата на ИСТА1 тестот. Нашите дизајнери креираа иновативно решение состевено од дно и капак и истото го тестираа со “дроп” тест за да се осигураат дека решението ги исполнува условите за верификација на ИСТА 1. Кутијата може да биде и испечатена со високо квалитетно графичко решение за да предизвика посебна визуелна нагласеност.