Транспортна Амбалажа

Совршеното пакување за секој производ и транспорт

Нашите амбалажни решенија подготвени за транспорт

Во DS Smith го трасираме патот на флексибилни и оддржливи транспортни решенија. Сите наши решенија се креирани за да се постигне максимална заштите во текот на транспорт, складирањето и дистрибуција со користење на најмалку потребни материјали и ресурси. Нашата палета на производи почнува од стандардни транспортни кутии, преку целсно печатени кутии со автоматско дно и внатрешни прегради.

Го согледуваме целиот Ваш процес на транспорт

Со развој на индустријата за амбалажа, се зголемуваат и очекувањата на купувачите – транспортот и изложувањето на производите да не е само во обична кутија.  Од најсовремени програми за дизајн на кутии и нивно печатење, до решенија кои ја подобруваат логистиката, ние сме пионери во во развојот на пакувања кои ги заштитуваат Вашите производи, планетата и секако , Вашиот бренд.

Автоматизирано пакување

Од традиционалната кутија, до кутија за автоматско пакување, нудиме решенија за најдобро искористување на просторот, со оптимизирана цврстина и минимално користење на суровини. Во понуда имаме од мали до големи формати, стандарни или прилагодени решенија согласно Вашите потреби со или без штампа. Во зависност од Вашите барања, може да понудиме прегради кои ќе направат дополнителна заштита на Вашите производи.