Анализа на синџирот на снабдување
Во денешниот комплексен и поврзан свет, синџирот на снабдување може да ви обезбеди конкурентска предности. Нашето глобално искуство и експертизата може да ви помогне на вашиот пат кон успехот.

Брзи решенија за светот кој брзо се менува
Ги разбираме предизвиците со кои се соочува вашиот бизнис, вклучувајки ги и намалената потрошувачка, промената на целокупната структура и карактеристики на малопродажната индустрија., дигиталната трансформација и зголемениот притисок врз финансиските придонеси. За да успеете, треба да ги преиспитате досегашните традиционални модели и да најдете нови партенри и капацитети кои ќе ви обезбедат можности за зголемување на вредноста.
Нашата добра организираност, иновативниот пристап до сржта на проблемот и користењето на Total Cost of Ownership (TCO) методологијата испорачува реални бенефити во севкупната работа.
Размислуваме како вашите клиенти
За подобро да ги разбереме вашите потреби и на да направиме видливо подобрување, се поистоветивме со клиентите и го насочивме фокусот кон следниве точки
- Мапирање на вашиот синџир на испорака обезбедување на видливост и следење на протокот на информации во реално време од почеток до крај
- Дијагностика на проблемот Ние ги користиме податоците, дијагностиката и клучните информации за да добиеме увид во постоечките однесувања и процеси.
- Подобрување на перформанси имплементирање на профитабилни решенија, преку намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и иновативноста.
Оптимизирајте го вашиот дизајн во нашите PackRight центри
Во нашите PackRight центри работиме заедно со вас за да ги реализираме идеите за амбалажи - од скица до производ. Без разлика дали сакате да ја зголемите продажбата, да ги намалите трошоците или пак ризикот, ние ќе дизајнираме, тестираме и произведеме решение кое ќе одговори на вашите потреби и ќе ги исполни Вашите очекувања.
Во нашиот PackRight центар имате можност
- Да учествувате во создавањето на амбалажата за да ги постигнеме максималните бенефити од истата
- Да работите со посветен тим на експерти кои ќе одговорат на Вашите потреби
- Да дефинирате оптимизирање на производство и квалитет
- Развој на вистински решенија одговор на вашите приоритети