Замена на проблематичната пластика
Веруваме дека замената на проблематичната пластика со целосно обновливи материјали во амбалажата е одржлива алтернатива што активно ја бараат потрошувачите.
Ние сме целосно посветени да им помогнеме на нашите клиенти да најдат нови иновативни решенија. Нашите дизајнери веќе создадоа над 1000 различни дизајни кои ја намалуваат употребата на пластични елементи во пакувањето. Дури и малите промени, како замена на пластичните етикети печатени не картонот, можат да направат огромна разлика во околината.
Постојано идентификуваме нови области во кои решенијата базирани на хартиени влакна можат да ја заменат проблематичната пластика.
Што значи замена на проблематичните пластики?
Замената на проблематичните пластики значи развој на иновативни амбалажни решенија, кои ја заменуваат пластиката со одржливи алтернативи, како:
Како го правиме тоа?
Ние работиме со секој клиент поединечно за да ги решиме нивните предизвици за пакување. Работиме неуморно на изнаоѓање решенија за нивното пакување кое тешко се рециклира или е за еднократна употреба.
- Нашите 700 дизајнери ги користат принципите за циркуларен дизајн за да развијат пакување што го намалува отпадот и загадувањето и ги одржува материјалите во употреба што е можно подолго. На овој начин пакувањето се рециклира и повторно се користи.
- Нашата цел е да отстраниме една милијарда парчиња од проблематична пластика од полиците на супермаркетите до 2025 година (само во 2020/21 година отстранивме 170 милиони парчиња).
- Постојано го прошируваме нашето портфолио со амбалажни решенија за пакување кои можат да ја заменат проблематичната пластика.
- Ние никогаш не ги компромитираме квалитетот и перформансите на нашите решенија за пакување.
Проверка на подобрувањата
Нашите метрики за циркуларен дизајн го олеснуваат споредувањето на перформансите на одржливост на различни дизајни. Резултатите од Метриката за Циркуларен дизајн ни го покажуваат влијанието на различните амбалажни решенија врз животната средина и ни го олеснуваат создавањето на пакување кое е посоодветно за циркуларната економија.
Primer: prelazak sa plastične na kartonsku ambalažu za čeri paradajz:
Замената на проблематичната пластика со амбалажа на база на хартија има позитивен ефект врз многу индикатори, вклучително и:
- Обновливи извори
- Можност за рециклирање
- Рециклирана содржина
- Безбедност за животната средина
Зошто е потребно да се отстрани проблематичната пластика од полиците во супермаркетите?
- Затоа што потрошувачите ќе ви бидат благодарни. Околу 25% од потрошувачите активно се борат против пластиката.
- Тоа ќе ви помогне да ги исполните своите цели за одржливост
- Тоа ќе ви помогне да го намалите штетното влијание на околината
Како можете да го започнете вашиот циклус?
Започнете го циклусот со работа со нашите дизајнери за да создадете 100% хартиена амбалажа која може да се рециклира која ја елиминира проблематичната пластика и ги исполнува вашите цели за одржливост.
Дозволете DS Smith да биде вашиот влез во Циркуларната економија.
Дознајте како можеме да ја замениме проблематичната пластика во вашето пакување.