International Paper и DS Smith Центар за добавувачите со информации за спојувањето

Како што International Paper и DS Smith се спојуваат во една компанија за да формираат глобален лидер во одржливи решенија за пакување, ние знаеме дека нашите добавувачи ќе имаат прашања. Ние сме возбудени за нашата иднина, и се надеваме дека и вие сте исто така.

Како доверлив снабдувач, можете да очекувате соработка како обично со вашите IP и DS Smith контакти за набавка во блиска иднина. Тековните договори за набавка со International Paper и DS Smith ќе останат непроменети за сега, а ние ќе останеме во постојана комуникација со вас ако и кога направиме промени. 

Прашања и одговори

Еве некои од прашањата кои знаеме дека ги имате во врска со спојувањето на International Paper и DS Smith. Ако вашето прашање не е одговорено овде, ви препорачуваме да го контактирате вашиот претставник за набавка. Ние сме посветени да ви го дадеме одговорот што ви треба.

Првично нема да има промена во сегашните услови и договори кои ги имате.  Во текот на наредните недели и месеци, ние ќе ги оценуваме најдобрите практики внатре во организацијата и ќе ги интегрираме двата бизниси.  Како што се донесуваат одлуки кои ќе влијаат врз нашата база на снабдувачи и на начинот како ние работиме, ние ќе ве известиме што е можно поскоро.

Вашите контакти во рамките на комбинираниот бизнис ќе останат исти. Промените во иднина, доколку се појават, ќе бидат пренесени преку вообичаени канали на комуникација.

Како што ќе ги интегрираме двете организации, немаме планови за создавање на нови банкарски сметки или промена на нашите банкарски договори. За жал, измамниците често ја користат средината на промените околу аквизициите на компаниите за да присвојат средства од купувачите и добавувачите.  Ако од вас се бара да извршите плаќања на нови сметки, молиме потврдете го барањето преку вашиот контакт од International Paper или DS Smith.

Нема да има промена во договорите за фактурирање.  Треба да продолжите да праќате фактури до истите контакти во International Paper или DS Smith како што го правите во моментов.

Моменталните услови ќе останат на сила во непосредна иднина.  

Вашите договори во рамките на комбинираниот бизнис ќе останат исти,а воедно и условите. Новата организација ќе ги прегледа сите тековни договори и ќе биде во контакт со вас за да разговараат за сите промени кои може да бидат потребни.  

Засега не е потребно да се потпишуваат нови договори.

Сите сегашни ПО остануваат важечки за сега.  

За одреден период NDA сеуште ќе важат. Со текот на времето NDA ќе бидат заменети со нови како и соодветниот процес на преквалификација на добавувачот.

Стоката на консигнација ќе треба да бидат предоделена на новата компанија и тоа ќе биде спроведено по завршување на спојувањето. Ќе бидете контактирани за да се согласите со целиот процес.

Засега нема да има промени во овие системи. Сите промени ќе ви бидат соопштени навреме, а импликациите ќе бидат дискутирани и договорени со вас.

Засега нема да има промени во овие системи. Сите промени ќе ви бидат соопштени навреме, а импликациите ќе бидат дискутирани и договорени со вас.

Ние ќе ги прегледаме сите моментални материјали и спецификации и ќе се обидеме да ги процениме сите потребни промени. Сите промени ќе бидат дискутирани и договорени со вас. Времето ќе варира во зависност од влијанието на било какви промени и во моментов не постои одредена временска рамка за да се направи ова. Засега сè останува како што е во моментов.

На краток рок, сите операции остануваат такви какви што се. Сите потенцијални промени во оперативниот процес ќе ви бидат соопштени што е можно поскоро.

Ова ќе биде прегледано, дискутирано и договорено од случај до случај.