DS Smith и Coca-Cola ги заменуваат пластичните рачки со "DS Smith Lift Up" картонската амбалажна иновација

DS Smith PLC, глобална водечката компанија за одржливи пакувања базирани на хартиени влакна и Coca Cola HBC Австрија соработуваа за да ги заменат пластичните рачки кај мулти-пакувањата за безалкохолни пијалоци од 1,5 литри со надворешно пакување базирано на картон. Ова ново решение за замена на пластика ќе биде доставено до супермаркетите во Австрија од септември 2023 година.

Иновативното амбалажно решение, DS Smith Lift Up, е рачка изработена од брановиден картон која може 100% да се рециклира, која ја подобрува функционалноста на носење за потрошувачите и е дизајнирана заедно со другите партнери кои учествуваа во креирање на решението базирано на крафт хартија, а да придонесе за намалување околу 200 тони пластика секоја година за Coca-Cola HBC Austria.

DS Smith и Coca-Cola HBC споделуваат силна визија за иновативни решенија за пакување дизајнирани да можат 100% да се рециклираат и да користат најмалку потребна количина на материјал. Ова ново решение за замена на пластика ќе биде доставено до супермаркетите во Австрија од септември 2023 година.
DS Smith и Coca-Cola HBC споделуваат силна визија за иновативни решенија за пакување дизајнирани да можат 100% да се рециклираат и да користат најмалку потребна количина на материјал. Ова ново решение за замена на пластика ќе биде доставено до супермаркетите во Австрија од септември 2023 година.

DS Smith и Coca-Cola HBC споделуваат силна визија за иновативни решенија за пакување дизајнирани да можат 100% да се рециклираат и да користат најмалку потребна количина на материјал.

DS Smith Lift Up е дизајниран со користење на уникатниот пристап на DS Smith за Circular Design Metrics што резултира со значително намалување на јаглеродниот отпечаток кај пакувањето и производната линија. Иновацијата DS Smith Lift Up може да се примени на различни големини на шишиња и се произведува во партнерство со Krones, водечки производител на машини за пакување. Рачката за носење има добро држење што ги прави производите лесни за носење додека тие остануваат сигурни во нивното одржливо пакување. Ова е дизајнирано за PET шишиња за консумирање на пијалоци во домовите на потрошувачите.

Стефано Роси, извршен директор на дивизија Амбалажа во DS Smith:

„Горди сме што сме партнери на ова иновативно решение за пакување, исфрлајќи го непотребниот отпад и пластиката за еднократна употреба. Концептот DS Smith Lift Up е дизајниран со користење на пристапот на DS Smith, Circular Design Metrics, така што користи најмало можно количество материјал, го намалува влијанието врз животната средина и изгледа фантастично во продавниците и супермаркетите.

Соработката со нашите партнери Coca-Cola HBC и Krones е клучна за намалување на пластиката за еднократна употреба но и за испорака на иновативни промени. Ние го држиме одржливиот дизајн во срцето на она што го правиме како компанија, и ова е светол пример за можноста за иновациите во пакувањето да го водат патот кон поодржлива иднина за производителите, трговците на мало и потрошувачите“.

 

Марсел Мартин, директор за корпоративни прашања и одржливост на CCHBC:

„Ова е прво решение за пакување од ваков вид за multipack од 1,5 литри Coca-Cola, Fanta и Sprite. Тоа е резултат на нашиот претприемачки начин на размислување, апсолутната верба во соработката со доверливи партнери и нашиот фокус на постигнување нето нула емисии до 2040 година. Во 2022 година, нашата компанија беше рангирана по шести пат како најодржлива компанија за пијалоци во светот за 2022 година од страна на Dow Jones Индекс на одржливост, еден од водечките светски глобални одредници за одржливост. Чест ни е што нашата оценка не позиционираше на врвот меѓу повеќе од 7.000 компании во 61 индустриски гранки според S&P Global Sustainability Yearbook 2023. 2023 година продолжи со највисоките резултати за одржливост од MSCI ESG Ratings, деветта година по ред. Сепак, ја разбираме огромната големина на задачата што ја имаме пред нас да создадеме поодржлив бизнис. Ќе продолжиме да иновираме, соработуваме и инвестираме за да можеме да продолжиме да ги доставуваме нашите пијалоци на одржливи начини“.

Новото решение за пакување за multipack од 1,5 литри, PET ќе се користи за брендовите Coca-Cola, Fanta, Sprite и Mezzo mix во Австрија.

Фотокредити:

© Coca-Cola HBC Österreich / martinsteiger.at

© Coca-Cola HBC Österreich / Кристијан Лендл (www.dchr.is)