Редизајнираната амбалажа може да ги намали Вашите трошоци при испорака
Амбалажата влијае на вашиот бизнис многу повеќе отколку што мислите. Ние во DS Smith им помагаме на нашите клиенти да ja дизајнираат амбалажата со цел да ја зголемат продуктивноста на производната линија, да ги заштитат производите од оштетување и на најдобар начин да го искористат просторот. Всушност, ние веруваме дека доколку се преземе контролата врз просторот можат да се добијат одлични можности за оптимизирање на искористеноста на палетите и дистрибуцијата. Резултатот? Пониски трошоци бидејќи е потребен помал магацински простор, намалено ракување и транспорт.
Преку континуирано инвестирање во дизајнери, инженери, специјалисти како и правата технологија, ние сме во потрага по уште поголеми ефикасности на синџирот на набавка за нашите клиенти. Нашите Стратези за Амбалажа ова го нарекуваат Supply Cycle Thinking, затоа што резултатите се постигнуваат повторно и повторно, секојпат кога ќе се спакува производот.