Haakse slijper

50% помалку палети за SWATYCOMET благодарение на стратезите за амбалажа од DS Smith

SWATYCOMET е водечки производител на абразивни дискови и индустриски алати за стружење со седиште во Словенија кој започнал со работа во 1879 година. Компанијата има богато минато на развој на производи и иновации, па не е изненадување дека ја увидоа потребата да си ја подобрат амбалажата и стапија во контакт со стратезите за амбалажа на DS Smith за да им помогнеме.

Предизвик

Контролирање на трошоците без нарушување на квалитетот е цел на секоја компанија, па така и SWATYCOMET сакаше да ги намали своите трошоци по единица амбалажа без намалување на делотворноста на нивната амбалажа.

Нашиот пристап

Нашиот пристап во циклусот на набавки значеше дека се осврнавме на голем број иницијативи кои, заедно, би заштедиле на трошоците за амбалажа, би ја подобриле ефикасноста на транспортот и ќе ги насочи нивните процеси за амбалажирање. Започнавме со зголемување на висината на палетите од 950 mm на 1950 mm, а воедно се намали и бројот на палети за 50%. Секако, требаше да спроведеме ригорозни тестови за гмечење на кутијата (Box Compression Tests – BCT) за да се увериме дека е задржана заштитата на производите. Со резултатите од BCT го заменивме специјализираниот картон со повисок квалитет со стандарден картон и така ги намаливме трошоците за картон и отпадот што се создаваше. На крај, се префрливме од систем на порачка со „дополнување“ на процес „направи и испорачај“ за 20 најчесто продаваните производи. Ова последователно ги намали трошоците за амбалажа и во голема мера го намали бројот на товар во палетите за складиштење, па со се доби друга заштеда на трошоци.

Резултати

  • 50% намалување на бројот на палети со што се заштедува на трошоците за транспорт и складиштење
  • 1,5% намалување на трошоците за амбалажа во вкупен износ над 11.600 € годишно
  • Помалку ракување за персоналот со што се намалуваат трошоците за работна сила и можноста од повреда/штета
  • Се создава помалку отпад во текот на процесот на амбалажирање
  • Подобрен процес за нарачка и чување на амбалажата на залиха