wind-turbine.jpg

Пакувањето мора да го зацврсти нашиот бренд во индустријата на воздушни турбини

Your Global Solution (YGS), кој врши снабдување со резервни делови и алатки за голем опсег на индустрии низ целиот свет, вклучително и индустријата на воздушни турбини ги контактираше DS Smith и им даде до знаење дека сакаат да ја зацврстат видливоста на нивниот бренд во очите на нивните клиенти и техничари кои ги користат нивните производи на соодветните локации.

Предизвик

Пакувањето кое во тоа време го користеа YGS воглавно се состоеше од непознати кафеави картонски кутии кои се користеа за испорака до клиентите, па така YGS сакаше пакувањето да им помогне во профилирањето на нивата слика.

Пристап

Иницијалниот дијалог во однос на функционалноста, цврстината и визуелното претставување на кутиите евентуално доведе до широк опсег на стилски и функционални пакувања, како и одлични решенија за испорака кои требаше да се применат од страна на YGS нивните различни производи. 

Решението делумно се засноваше врз пет кутии за испорака со различни димензии, како и капак за кутијата со алат кој претходно се испраќал во кафеави картонски кутии без никаква графика. Специјално дизајнираните димензии претставуваа отстапување од традицијата и го опфаќаа целосниот опсег на производи од YGS притоа помагајќи да се забрза процесот на пакување и да се зголеми неговата ефикасност. Пакувањето е исто така поцврсто отколку претходното решение со цел да се спречи какво било оштетување при транспортот.

Графиката за новото пакување, кое во голема мера се потпира врз визуелниот идентитет на Your Global Solutions, се отпечатува со помош на офсет техника со единична боја, а потоа се обложува со лак. Како резултат, сега можеме да понудиме поубаво и посјајно пакување со заднина во црна боја, отпечатување на логото на компанијата во сребрена боја, како и YGS.dk URL со бели букви. Врвот во оваа вежба за брендирање на пакувањето преставуваше соодветно брендираната лента со логото на компанијата која ќе се користи за затворање на кутиите при пренос.

Резултати

  • Визуелното влијание осигурува далеку поголема препознатливост кај клиентите и крајните корисници
  • Благодарение на разновидниот опсег на контејнери за испорака со приспособени димензии се овозможи уште поефикасен процес на пакување
  • Помали оштетувања при транспорт и далеку помалку поплаки од клиентите благодарение на пакувањето со голема цврстина 

Што мисли за тоа клиентот?

„По многу конструктивни дискусии со DS Smith, дојдовме до неколку многу добри решенија“. Ние во YGS во моментот се наоѓаме на ниво во кое сакаме да ја зголемиме видливоста на нашата компанија и пакувањето го сметаме како многу важен дел од оваа сложувалка“.
Dennis Christiansen
Оддел за маркетинг, Your Global Solution Aps