DS Smith му помага на Royal Unibrew да исплови кон успех
DS Smith осмисли дизајн и создаде допадлив штанд како викиншки брод за да му помогне на извозниот бренд на Royal Unibrew, Faxe Beer, да го подобри препознавањето на брендот кај клиентите во Европа.
Faxe Beer, најновиот бренд на Royal Unibrew, е сè уште производ во раст на пазарите надвор од Данска. Производителот на пијалаци му се обрати на DS Smith за драматичен, штанд во склоп на продавницата за да го зголеми профилот на брендот и да привлече клиенти од цела Европа.
Земајќи ја инспирацијата од главното лого Faxe Beer на Викинг, тимот спицијалисти на DS Smith осмисли дизајн и направи голем викиншки брод од брановиден картон кој ќе се поставува во продавниците во цела Европа. Змејската глава беше отпечатена и позиционирана на предниот дел од бродот со штитници на страните за да се потполни изгледот, да се засили приказната за брендот за потрошувачите додека пазарат.
DS Smith го осмисли дизајнот да биде целосно приспособлив, со модуларен дизајн, што значи дека големината на штандот може да се менува по мерка за да ја собере во секоја продавница во зависност од расположливиот простор на подот и бројот на палети.
Без оглед на големината, крајниот производ – спектакуларен и креативен штанд – едноставно не може да се промаши во продавниците ширум Европа.
Најновиот дизајн го следи успехот на претходната соработка на DS Smith со Royal Unibrew при што специјалистите за амбалажа создадоа камионски штанд Unibrew за хиперемаркетите BILKA во Данска.
Процесот на развивање на штандот беше фантастичен. Концептот на викиншки брод совршено се совпадна со нашето брендирање, а неговиот флексибилен дизајн ни овозможи да го дистрибуираме штандот, голем или мал, низ целиот континент. Ние сме многу задоволни со крајниот резултат и добивме одлична повратна реакција.
— Џеспер Далби (Jesper Dalby), меѓународен маркетинг менаџер
Стин Брокстед (Steen Brockstedt), сметководствен менаџер во DS Smith, истакна: „Амбалажата и штандовите може да бидат навистина ефикасна маркетиншка алатка кога ќе се осмислат внимателно и кога ќе се земе предвид главниот идентитет на брендот. Штандот со викиншки брод од брановиден картон го постигна токму тоа – изврши трансформација на начинот на кој клиентите го препознаваат и реагираат на брендот Faxe Beer, но и крајно ја подобри продажбата на долг рок.“