designer-packaging.jpg

Стратези за амбалажа

Бидејќи производите поминуваат преку сè посложен синџир на набавка и се натпреваруваат за привлекување внимание во сè погустите деловни околини, притисокот за успешност на амбалажата никогаш не бил поголем.

Преку иновации и соработка, нашиот стратешки пристап ги опфаќа сите аспекти на економските, социјалните и еколошките потреби на нашите клиенти. Од фабрика до продавница, нашите решенија го трансформираат центарот за трошоци во конкурентна предност во секоја фаза од циклусот на набавки.

НИЕ СМЕ СТРАТЕЗИ ЗА АМБАЛАЖА 

Нашите стратези за амбалажа и штандови, со искуство во повеќе индустрии, работат заедно со нашите потрошувачи за да овозможат најдобри резултати со амбалажата. Тоа го правиме така што им помагаме да генерираат поголема продажбапониски трошоци и да управуваат со ризиците.

За да ви помогнеме да извлечете максимум од брановидната картонска амбалажа, може да го видите нашиот сеопфатен опсег на материјали, стручност за дизајн и техники за печатење, а сето тоа поддржано со нашите програми за постојана иновација.  Со знаење и решенија за производство на амбалажа низ Европа, можеме да ви помогнеме каде и да работите.

Стефано Роси, извршен директор на оделот за амбалажа во DS Smith

Јас сум Стефано Роси, извршен директор на оделот за амбалажа во DS Smith. Со вистинска стратегија, процеси, алатки, вештини и ентузијазам, секој во организацијата е посветен на создавање извонредна вредност за нашите потрошувачи. Јас сум стратег за амбалажа.

— Стефано Роси, извршен директор на оделот за амбалажа во DS Smith