Системот на DS Smith за изложување на големи производ ги промовира различните чоколади на RITTER SPORT
Стратешките лица за штандови и амбалажи во DS Smith развија шаренолик, варијабилно проширувачки систем за изложување производи со големи димензии според изгледот и чувството што луѓето го имаат за популарните чоколадни коцки, за да ја нагласи промотивната кампања од голем размер на производителот на чоколади на местото на продажба.
Офсет-печатената конструкција обложена со заштитен лак што се состои од столбови, попречни греди и горни панели го привлекува вниманието од големи растојнаија низ продавниците. Штандовите за производи презентирани долу можете да ги редите флексибилно и ќе ги воодушеват сите љубители на чоколади со шареноликиот вариетет на RITTER SPORT. Двометарскиот магнет за купувачи на DS Smith направен од брановидни плочи е вистински хит по продавниците.
Гаранција за привлекување на вниманието на продажното место
Бројните слики објавени на веб-страницата за кампањата RITTER LOTTO го потврдуваат тоа: Моменталната наградна игра на RITTER SPORT осмислена околу шареноликиот чоколаден свет на брендот, ги инспирира младите и старите низ цела Германија. Не е ни чудо со оглед дека купувачите имаат шанси да добијат бројни привлечни награди, но и шанса за BMW i3 во бојата на нивниот омилен тип чоколада. За да учествуваат во трите извлекувања, обожавателите на практичните коцки чоколада треба само да испратат фотографија од себеси со пет чоколатца од нивниот омилен вариетет на RITTER SPORT, а потоа и да се обложат на нивните пет омилени чоколади со помош на билетот за RITTER LOTTO.
Секој што е во потрага по производи на RITTER SPORT во продавница, брзо ќе го пронајде она што го бара благодарение на специјалната поставеност. Купувачите веднаш ги забележуваат атрактивните системи за поставување на големи штандови со далекусежен ефект и добропознатиот дизајн на брендот. Привлечната конструкција е развиена, произведена и склопена од DS Smith. Можете со голема флексибилност да ги поврзете двата елиптични столбови на штандот во една или во две идентични попречни греди залепени една со друга. Структурата под која може нормално да се постават три, шест или дванаесет производи за промоција, дозволува варијабилно приспособување на подниот простор во продавницата.
Она што им фаќа око на купувачите и ги стимулира се горните панели ставени врз попречните греди, коишто како и двата столба и прекривните панели на штандот што ги носат производите ги намамуваат купувачите со висококвалитетно испечатени фотографии од главните награди. Отворениот дизајн на системот за изложување во големи димензии, како и привлечната презентација на производот го стимулираат импулсот за купување и, во комбинација со наградната игра на интернет, значително ги зголемува продажбите.