K-Market Puhakka воведе кутии кои се подобри за бизнисот
K-Market Puhakka е самопослуга во Турку, Финска. Нивната продавница на интернет е отворена 24 часа на ден и испорачуваат намирници и потрошувачка стока на нивните домашни и корпоративни клиенти.
Предизвик: Поцврста и полесна за користење отколку пластиката
Да се заменат пластичните кеси што ги користи K-Market Puhakka со нешто трајно, лесно за носење, исплатливо и, како бонус, да биде направено од рециклирани материјали
Предизвикот беше да се најде точна големина на кутијата која ќе биде трајна кога ќе се нареди, но во исто време и лесна за носење и исплатлива. Исто така, рециклираниот матерјиал е предност!
Нашиот пристап: Вистинската големина ги штити вработените и производите
DS Smith седна заедно со K-Market Puhakka и заедно развија кутија со вистинска големина, полесна и побрза за користење отколку пластичните кеси, има пониски вкупни трошоци, едноставна за транспорт, а истовремено нуди одлична заштита за кршливитие производи внатре.
Резултат:
- Пониски трошоци за работна сила и побрзо полнење: кутиите со отворен горен дел се лесни за полнење и стабилни кога ќе се наредат, што значи дека може да се натовари многу стока брзо и безбедно.
- Побрза испорака затоа што кутиите се лесни за транспорт во продавницата и во домовите на потрошувачите.
- Пониски трошоци за амбалажата затоа што трајните кутии може често да се користат повеќе од еднаш.
- Подобрена еколошка заштита со 100% рециклирачки кутии
- Повисоки маржи на заработка , бидејќи првокласната заштита на кутиите значително го намалува кршењето
- Пониски вкупни трошоци во споредба со пластичните кеси што се користеа порано