fresh-corrugated-packaging2.jpg

Испорака на посвежи производи за Smartmat

Неодамна му помогнавме на снабдувачот со кутии со храна Smartmat да го подобри начинот на кој ги испорачува своите свежи состојки и картички со рецепти во сè поголема база на клиенти во Белгија.

Smartmat стана незадоволен од едноставните хартиени кеси што ги користеа претходно; беше невозможно да се наредат и често се расипуваа поради природната влага од свежите производи. Потребно беше ново решение.

Новата амбалажа требаше да биде успешна во неколку клучни области. Требаше да биде доволно цврста за да ја заштити храната на патот од складот до вратите од потрошувачите, но со дизајн кој ќе ги одразува еколошките вредности на Smartmat. Конечно, Smartmat сакаше неговите клиенти да ја почуствуваат возбудата дека држат првокласен производ кога ќе пристигне во нивните домови.

Го поканивме Smartmat на состанок со нашите стратези за амбалажа кои претставија низа возбудливи и иновативни прототипи. Само три беа опсежно тестирани пред да се донесе конечна одлука.

Smartmat ја користи новата амбалажа веќе неколку седмици и е воодушевен од резултатите.

„Со амбалажата лесно се ракува, лесно се проветрува, лесно се отпакува и изгледа одлично,“ вели Амелиен Ван де Пол, маркетинг менаџер во Smartmat.  „Нашите партнери навистина ја сакаат амбалажата затоа што испораката поминува без проблеми и клиентите се задоволни и за нив тоа е како да добиваат подарок.“

Успехот на нашиот дизајн значи дека Smartmat веќе ја прошири употребата и на другите линии со производи кај кои се користи помала верзија за испорака на производи за појадок. Значи сега, уште повеќе клиенти на Smartmat ги примаат своите кутии со храна во совршена состојба.

Слики: © Мелиса Милис