Амбалажата за WonderGrill го средува хаосот од скарите
Carbones Fergon е најголем производител на растителен јаглен во Шпанија и нуди широка палета на решенија за палење оган и согорување, како за скари, така и за камини. Од нивната фабрика во Хуелва (Huelva), компанијата тврди дека се раководи според „највисоки стандарди во екологијата, квалитетот и чистотата“.
Предизвик:
Брикетите од јаглен традиционално се продаваат спакувани во хартиени вреќи, но на тој начин се вакаат рацете, остануваат дамки на алиштата и празна амбалажа што треба да се исфрли по употребата. Освен тоа, нежните хартиени вреќи може да се скинат во текот на синџирот на набавка и да пристигнат на продажното место во очајна состојба, што пак доведува до непотребна загуба и прашина од јаглен во камионите, складиштата и магацините во продавниците. Carbones Fergon претходно се обиде да се справи со некои од овие проблеми користејќи транспортни торби и картонски кутии, но прашината и понатаму беше проблем. Затоа DS Smith изуми решение за амбалажа кое ќе ги олесни транспортот и чувањето, ќе овозможи брикетите од јаглен да се прикажуваат на рафтовите, а истовремено ќе биде можно да се користат на чист и безбеден начин кога палите скара и срто тоа еколошки издржано.
Решение:
Откоко одржавме состанок со Carbones Fergon, дизајнерите од DS Smith седнаа да осмислат дизајнерско решение за брикетите од јаглен кое ќе функционира од производните погони од фабриките во Хуелва, па сè до скарите кај крајните корисници. Бше измислена кутијата WonderGrill!
Амбалажата беше целосно редизајнирана, од централната структура во ворма на решетка реку надворешна кутија. Осмислија запечатена правоаголна кутија без жлебови во основата, па на тој начин не можеше да излегува прашина од јагленот. Carbones Fergon нè замоли кутиите да бидат импрегнирани. Успешно го завршивме ова барање така што вметнавме квака на крилото од капакот, кое се поставува во жлеб во кутијта штом еднаш ќе се затвори.
Благодарение на оваа нова амбалажа, крајниот корисник едноставно треба да го отвори горното крило од надворешната кутија, кое веќе е пресечено претходно. Откако ќе се подигне крилото, може да запалите оган во централниот дел од решетката, која е оставена празна за оваа цел. На овој начин, корисниците не ќе треба да ги фаќаат брикетите од јаглен со раце, па така нема валкање, а амбалажата сега се користи за да се запали скарата и нема отпад.
Резултати:
- Поголема продажба благодарение на првокласната положба и јасното препознавање на пазарот
- Одлично искуство кај корисниците благодарение на леното отворање и палење
- Пониски трошоци поради почистиот синџир на набавка
- Подобро еколошко искористување затоа што нема отпад за фрлање