top-membrane.jpg

Иновативна амбалажа за електроника до 35 kg

Комбинирањето на иновативните дизајни на DS Smith од брановиден картон со флексибилноста на мембраната од термопластичен полиуретан (TPU) овозможува исплатлива заштита за кршлива електроника.

Предизвик: безбедна и одржлива амбалажа за електроника

безбеден, одржлив и исплатлив транспорт на чувствителната електроника без потреба од сортирање на преголемите и преполните кутии за што се губи време, простор и материјали. Идеално, еден стил на амбалажа би бил доволно флексибилен за да прифати голем број различни производи.

Нашиот пристап: комбинирање на флексибилни мембрани со иновативни дизајни од брановиден картон

Комбинираме иновативни дизајни за амбалажа од брановиден картон со лесни, едноставни и флексибилни мембрани са сигурно држење на еден или повеќе предмети до тежина до 35 kg. Малите предмети, како што се мобилните телефони, може да се запечатат, спакуваат и транспортираат во едноделна картонска амбалажа со што се намалува потребата од човечка работна сила во процесот на пакување и емисии од транспортот. Со користење различни дебелини на PE или PU мембрани не користиме материјал повеќе отколку што е потребно. А, и мембраните не треба да се отстрануваат пред праќање на амбалажата за рециклирање. Кај поголемите производи, до телевизори во целосна големина, има корист од комбинирана мембрана со додаток од брановиден картон со што се овозможува да стигне пратката безбедно и сигурно во едноставната амбалажа што се рециклира.

Резултати:

  • Одлична заштита што е идеално приспособена на електрониката со минимална употреба на материјал
  • Лесно рециклирање
  • Брза и лесна амбалажа со TPU-мембрана комбинирана со едноделна амбалажа од брановиден картон
  • Флексибилност за пакуавње различни ставки во истата амбалажа
  • Приспособливост на производи со тежина од 1 до 35 kg