Метрика на Циркуларниот дизајн
Најсовремената алатка за мерење на одржливоста на вашата амбалажа
После претставувањето на нашите принципи на Циркуларен дизајн, развивме и метрика за Циркуларниот дизајн на амбалажата. Со оваа пионерска алатка можеме да ги оцениме и споредиме Циркуларните дизајни на различните амбалажни решенија, користејќи 8 различни показатели.
Метриката на Циркуларниот дизајн, која е прва во оваа индустрија, ни дава јасна слика за перформансите на одржливост на дизајнот на амбалажата и ни посочува каде треба да го насочиме вниманието.
Погледнете го ова видео во кое е објаснета нашата метрика за Циркуларен дизајн и како ја користиме истата се со цел да дизајнираме амбалажа која е погодна за Циркуларната економија.
Водич низ метриката на Циркуларниот дизајн
Преземете го овој информативен водич за сеопфатно обајснување на метриките на Циркуларниот дизајн, како и предностите и дел од примери од пракса.
Што значи ова за вас?
Метриката за циркуларен дизајн ќе ви овозможи да ги подобрите перформансите на одржливоста на пакувањето преку:
- Намалување на отпадот и загадувањето
- Чување на материјалите и производите во употреба подолго
- Регенерирање на природни системи.
Нема потреба за компромиси во поглед на:
- Заштита на вашите производи
- Поефикасен синџир на снабдување
- Подобрување на еколошките перформанси
- Подобро корисничко искуство
Со разбирање на вашиот бизнис и вашиот синџир на снабдување, можеме да дизајнираме амбалажни решенија целосно ги задоволуваат вашите потреби.