Прилагодете ја вашата амбалажа

1_Header_image mkd.jpg

Пакување кое го подобрува вашето целокупно работење

Дизајнираме пакување кое обезбедува квалитет и перформанси што ви се потребни, но без трошење непотребни ресурси.

Нема да правиме компромиси помеѓу заштитата на вашите производи и ефикасен синџир на снабдување. Ние ги правиме двете!

Со разбирање на вашиот бизнис и вашиот синџир на снабдување, го дизајнираме вистинското амбалажно решение приспособено на вашите потреби. Оптимална заштита благодарение на пакувањето произведено со вистинска количина на материјал и дизајнирано да го оптимизира целиот синџир на снабдување.

Придобивки

Benefits.png

  • Ние ги заштитуваме вашите производи со амбалажа дизајнирана за вашите уникатни потреби и користејќи што е можно помалку материјал
  • Вашето пакување е приспособено на сите фази од синџирот на снабдување.
  • Со користење на само онолку суровини колку што се потребни за производство на амбалажа, се користи помалку материјал и се создава помалку отпад за рециклирање.
  • Добро дизајнираното пакување значи пониски емисии на јаглерод долж целиот синџир на снабдување и зголемена еколошка свест.
  • Ефикасниот дизајн на пакувањето создава заштеди низ синџирот на снабдување, го обезбедува квалитетот на вашиот бренд и обезбедува подобро корисничко искуство.

Како го правиме тоа?

howwedothis.jpg

  • 700-те дизајнери и иноватори на DS Smith ги разбираат вашите потреби и ги применуваат принципите на Циркуларен дизајн за да го дизајнираат вистинското пакување за вашата компанија.
  • Ние испорачуваме амбалажа што ги задоволува вашите потреби во однос на потребните перформанси, во секој момент, со вистинската количина на материјал.
  • Нашите паметни дизајни заштедуваат ресурси со тоа што бараат помалку материјал, ги намалуваат емисиите на CO2 долж целиот синџир на снабдување и ја градат вашата репутација во поглед на чиста животна средина.
  • Преку оптимизација на материјалите и дизајнот на амбалажата, ги правиме складирањето и логистиката поефикасни.
  • Користејќи ја нашата метрика за циркуларен дизајн, може да измерат и споредат перформансите на циркуларност на повеќе амбалажни решенија.

Со помош на метриката на циркуларниот дизајн лесно може да се одбере најодржливото амбалажно решение.

Metrics_850x500.png

Зошто оптимизирањето на перформансите на амбалажата се важни?

Оптимизација на перформансите.jpg

Секоја мала промена е важна. Користењето само на потребната количина материјал значи дека:

  • Ги зачувувате природните ресурси и го намалувате отпадот.
  • Ги намалувате емисиите на CO2
  • Создавате поефикасен синџир на снабдување.
  • Имате корист од оптимизираните перформанси и квалитетот на пакувањето.
  • Тоа е добро за вашиот бизнис и за животната средина.

Како можете да го започнете циклусот?

Започнете го циклусот и дозволете да ви покажеме на кој начин можете да ја прилагодите вашата амбалажа и како да ги задоволите вашите потреби и амбиции во аспект на одржливост.

Дозволете DS Smith да биде вашиот влез во Циркуларната економија.

Научете како можеме да го оптимизираме вашето пакување.