DS Smith го објави Прегледот на одржливоста за 2017 година

Во DS Smith, нашиот бизнис модел нè поставува веднаш во центарот од движењето на циркуларната економија.

DS Smith со задоволство го објави Прегледот на одржливост за 2017 година со кој исто така се прославува достигнувањето на целите во однос на намалувањето на CO2 емисиите и користењето на водата, и тоа четири години порано отколку што планиравме, и сето ова се отсликува врз визијата на DS Smith да биде водечки снабдувач на одржливи решенија за амбалажа.

Носејќи го насловот „Обликување на циркуларната економија“, извештајот се фокусира врз улогата на DS Smith во циркуларната економија, и тоа како преку својот интегриран бизнис модел со затворен процес, така и преку фокусот на групацијата врз работењето со клиентите со цел да се користи амбалажата како алатка за овозможување на креирање поефикасни синџири за набавка.

Надоградувајќи се кон минатогодишниот преглед, DS Smith го дискутира напредокот кој го има постигнато во однос на секоја од своите седум теми на приоритет во однос на одржливоста, нивната проширена стратегија за ангажирање на акционерот, како и обврските за наредната година. 

Ијан Сим (Ian Simm) - цитат

Достигнувања низ изминатите 12 месеци

 

Нашиот бизнис

  • 6 % зголемување на приходот, при постојана валута.
  • Зголемување во однос на надворешните споредбени анализи, постигнувајќи 95B Management во CDP и Gold според EcoVadis.
  • 330 работилници во центри на влијание за клиенти и учество во најразлични иницијативи од областа на индустријата и иницијативи наменети за акционерот.

Нашата животна средина

  • 6,7 % намалување на нашите емисии по произведен тон
  • 85 % од локациите со FSC® сертификат

100 % учество на локациите во прашалникот SEDEX за самооценување, притоа поставувајќи ги темелите за понатамошен развој на активностите за следење и транспарентност.  

Нашите луѓе

  • 19 % намалување во однос на стапката на зачестеност на несреќи
  • 207 локации со нула време на загуба како резултат од несреќи, притоа продолжувајќи ја нашата долгорочна цел кон постигнување работно место со нула несреќи.
  • Постојани придонеси кон нашите заедници преку добротворната фондација на DS Smith

Прегледот на одржливоста останува важно и консолидирано ажурирање за сите наши акционери во однос на тоа дека DS Smith го води својот бизнис на одговорен и одржлив начин и дека наредните чекори кои ќе бидат преземени ќе бидат наменети за постојано подобрување на перформансите.

Марк Гринвуд (Mark Greenwood)