Едноставно најдобри – учење од најдобрите светски претпријатија
Што имаат заедничко Apple и Mercedes-Benz? Не само што се меѓународно реномирани брендови кои поттикнуваат ревност и страст кај своите следбеници, туку и гиганти во своите области, иновативни работодавачи и предизвикуваат индустриски очекувања на секој чекор. Тогаш, што можат да научат другите компании од овие глобални центри за моќ и како тие можат да го искористат овој увид за да станат лидери во нивните сопствени сектори?
Незадоволни од медиокритетот
Клучна карактеристика на сите водечки бизниси и дека тие никогаш не почиваат на нивните ловорики. Тие не се задоволни со статус кво и сакаат дапостигнуваат напредок во секој процес и во декој дел од нивната понуда. Секогаш ги поместуваат границите и бараат подобри начини за правење на нештата со што го предизвикуваат начинот за испорака на клиентите. Не се задоволни со медиокритет, тие сакаат совршеност.
Пример за ова е производната линија на Apple. Apple всушност не измисли нови производи – нејзините три најголеми лансирања во последната деценија, iPod, iPhone и iPad беа подобрени верзии на производи што веќе постоеја, но не го извлекуваа максимумот од нив. Тоа што Apple го прави брилијантно и подобро сите е револуционерниот дизајн. Спојуваат силна технологија со најфини дизајнерски елементи. Apple не ги прави секогаш работите прв, туку е познат по тоа што ги прави подобри.
Слично на тоа, Mercedes-Benz, еден од најпрепознатливите автомобилски брендови во светот, е целосно посветен на совршенство. Неговиот слоган „најдобро или ништо“ потекнува од неговиот основач, Gottlieb Daimler, и даваше јасна визија за компанијата во последниве 120 години. Јоаким Шмит (Joachim Schmidt), извршен потпретседател за продажба и маркетинг во Mercedes-Benz објасни: „Нашите клиенти не очекуваат ништо друго освен технолошка надмоќ. За нас тоа значи дека сакаме да го испорачаме најдоброто во сите области – било да е тоа во истражување и развој, производство, продажба, сервис и постпродажно работење или купување.“
Еден уникатен елемент на гамата од AMG (одделот за високи перформанси на Mercedes-Benz) е дека нивните мотори се изработуваат рачно користејќи ја филозофијата „еден човек, еден мотор“. За да се означи ова, секој изработувач на мотор на AMG ги маркира моторите што ги произведува со гравирана плоча со неговиот потпис. Постојат само околу 50 AMG инженери во цел свет. Освен прецизниот инженеринг, Mercedes-Benz се стреми кон постојани иновации и „испишување на историјата“. Има постигнато цела линија од први места во областа на безбедноста, перформансите и удобноста на возачот – на пример, прв го воведе строгото тестирање при судири на своите автомобили, како и системот против блокирање на сопирачките (Antilock Braking System – ABS) кој им помага на возачите да ја задржат контролата врз тркалата дури и при силно сопирање. Како што опишува друг од првобитните основачи, „љубовта за иновации никогаш не умира.“
Храбро решавање на проблемите
Покрај тоа, сите водечки компании интензивно ги решаваат проблемите, склони се да ги утврдуваат работите што влијаат врз клиентите и да ги решаваат дури и ако тоа значи дека не е сè совршено со моменталната понуда. За ова треба храброст, но на тој начин претпријатието станува забележливо.
Ние во DS Smith сакаме да ја водиме нашата индустрија на сличен начин. Секојпат се стремиме да ја направиме совршената кутија и да ги намалиме варијациите во нашите процеси за да бидеме сигурни дека нашите производи се доследни до највисоко можно ниво. Јасно ги разбираме влијанието на нашите производи врз производната ефикасност на нашите клиенти и улогата што ја игра амбалажата во синџирот на набавка. Ја воведовме PACE, оперативна платформа која има за цел да се воспостави целосна контрола врз процесот на изработка на картонот и пакувањата. Таа ни овозможува да ја подобриме успешноста на амбалажата, а истовремено да користиме најмала можна количина на неопходни влакна и материјали. PACE е составен дел од сè што правиме и ни помага да бидеме сигурни дека амбалажата од клиентот секојпат ги задоволува неговите точни барања. Ние бараме доследен квалитет на хартијата од нашите снабдувачи и поставуваме глобални спецификации за успешност кои се над нормите на пазарот за овој материјал. Уникатно е што во реално време можеме да ги измериме перформансите на нашите производи во секој чекор од производството за да се увериме дека ги задоволуваме спецификациите на нашите клиенти. Оваа способност е развивана во текот на неколку години и опфаќа значително инвестирање во патентирана технологија, собирање податоци и обука на вработените. Платформата PACE за DS Smith е култура, таа е вградена во нашето работење и ја поседуваат нашите луѓе за да обезбедат доследен квалитет.
Активно делуваме во тоа што веруваме
Со тоа што сакаме да инвестираме во нова технологија, дури иако знаеме дека ќе застари за многу брзо време, е знак на лидерство. Најдобрите компании вложуваат пари во проектите дури и ако знаат дека нема да функционираат или дека нивните конкуренти ќе ја саботираат иновацијата. Не се плашат да испробуваат нови работи и да направат евентуални грешки.
Страста, совршеност и духот на Apple, Google и Mercedes дефинитивно може да се пренесе и да важи за кое било претпријатие во кој било сектор. Усвојувањето на нивниот начин на размислување може да ви овозможе да направите прекрасни работи за вашите клиенти надминувајќи ги предизвиците во индустријата и поставувајќи нови стандарди. И којзнае, можеби некој ден ние ќе пишуваме статии за тоа како сте ја смениле индустријата во која што делувате!