DS Smith ја трансформира француската погребна индустрија
DS Smith соработува со abCrémation за да пушти во употреба еколошки и економски исплатливи картонски ковчези
DS Smith првпат започна со производство на картонски ковчези за своите клиенти пред повеќе од 20 години. Во последниве осум години интензивно соработува со abCrémation, фирма која доставува еколошки картонски ковчези, за да пушти во употреба модел кој ги задоволува новите строги барања за ковчези.
Новите стандарди беа наметнати од Министерството за здравство и ANSES (Француска национална агенција за безбедност на храната, животната средина и работењето). Тие одлучија дека сите ковчези што се користат во кремирањето мора да задоволат многу строги стандарди што се потврдуваат преку механичко тестирање и климатски, атмосферски и специфични емисии.
Како резултат на тоа, DS Smith работеше партнерски со abCrémation за да создаде уникатен и патентиран, еколошки и економски оправдан производ. Клиентите не треба да се грижат затоа што се задоволени сите утврдени прописи и стандарди и веќе се забележа зголемување на продажбата кај abCrémation. Освен задоволување на барањата, ковчезите имаат подобри еколошки акредитиви затоа што се направени од 100% брановиден картон (природни влакна) и печатени со водени бои.
Покрај тоа, постои можност за зголемена извозна продажба и раст на францускиот пазар затоа што abCrémation сега може да понуди и приспособување според потребите и други големини.
Жан-Мишел Одивер (Jean-Michel Audivert), комерцијален директор во DS Smith Packaging Kunheim, заклучува: „Остваривме тесна соработка со abCrémation многу години наназад и навистина ја разбираме индустријата и строгите регулаторни барања што треба да ги задоволат нивните производи. Во текот на ова долгорочно партнерство создадовме производ, кој не само што ги задоволува потребните стандарди, туку има и голем потенцијал за извоз и персонализација.“