title abcremation.png

10 најчудни барања на клиенти

Во DS Smith се гордееме на нашата посветеност на соработка со клиентите за да можеме да ги постигнеме нивните потреби. Сепак, одвреме-навреме добиваме барања коишто навистина не подзамислуваат. Сакаме да си мислиме дека нема нешто што не би го направиле или не би се обиделе да го направиме за некој клиент. Во нашите очи, клиентите се секогаш во право и ќе поминеме низ сито и решето за да ги одушевиме. Во чест на тоа, сакавме да споделиме некои од најчудните барања што ги добивавме низ годините.

1)   Картонски ковчези - DS Smith првпат започна со производство на картонски ковчези за своите клиенти пред повеќе од 20 години. По осум години истражувања и развој со abCrémation во Франција, се отпочна еден модел со кој се исполнуваат новите услови за ковчези. Новите стандарди беа наметнати од Министерството за здравство и ANSES (Француска национална агенција за безбедност на храната, животната средина и работењето). Тие одлучија дека сите ковчези што се користат во кремирањето мора да задоволат многу строги стандарди што се потврдуваат преку механичко тестирање и климатски, атмосферски и специфични емисии.

Како резултат на тоа, DS Smith имаше блиска соработка со abCrémation, за да создаде уникатен, патентиран, еколошки и економски оправдан производ. Продажбите сега се зголемија благодарение на растечкиот потенцијал за извоз и фактот дека abCrémation може да понуди приспособувања, како и различни големини. Освен тоа, потрошувачите сега се спокојни во однос на безбедното исполнување на сите регулативи и стандарди и во однос на тоа дека ковчезите имаат подобра еколошка оцена бидејќи се направени од 100 процентен брановиден картонски состав (природни влакна) и се испишани со водени мастила.

2)   Кутии за птици - Конзерватори од Унгарија побараа од DS Smith да дизајнира специјална кутија за ластовичките што мигрираат за да се засолнат откако се обележуваат со прстени (процес на фаќање ластовици и прикачување на мала ознака на ногата за да се овозможи поединечна идентификација). Понекогаш засолниште е потребно за стотици ластовички одеднаш, но во минатото било невозможно да им се овозможи безбедност и комфор на толку многу ластовички. Затоа дошло до потреба за едно сосема ново решение, со коешто може да се забрза процесот на обележување на птиците.

По долгиот процес на дизајнирање, развој и експерименти, DS Smith извади ново и пригодно решение наречено Hirundobox, коешто потоа беше испитувано и тестирано од експерти во зоолошката градина во Будимпешта и во унгарската Орнитолошка и конзерваторска асоцијација (BirdLife Hungary). Hirundobox ги исполнува сите потреби на птиците и ги исполнува очекувањата и на лицата што го прават бележењето. Има природна вентилација на страните и на горниот дел, а вратата е со соодветна големина и со лесна брава за процесот на обележување со прстени да е побрз и побезбеден. Целосно отстранливиот горен дел и горните брави нудат и можност за лесно и брзо пуштање на птиците на слобода.

3)   Брановидна маса за сечење - Paroc Group, водечкиот снабдувач на изолација во Финска, Шведска и Балтикот, дојде во DS Smith со едно невообичаено барање. Како производител на изолација од камена волна, Paroc Group обично користи алуминиумска маса за сечење на плочите минерална волна. За жал, тоа е многу скап производ којшто одредени негови потрошувачи не сакаа да го купат. Но, без соодветна маса за сечење, тешко е да се сече право, нешто што е многу важно кога се работи за изолација. За да се справат со овој предизвик, во Paroc Group побара од DS Smith да се осмисли маса за сечење којашто ќе биде направена од брановиден картон што може да се испраќа на потрошувачите без дополнителни трошоци. Се бараше стабилност, но и оној дополнителен маркетиншки елемент кај производот и кај брендот. Се бараа и ознаки за масата, но и линијар за мерење. DS Smith со задоволство го прифати предизвикот и крајниот резултат беше голем хит за клиентот.

4)   Кутии за простетски екстремитети - DS Smith се здружи со хуманитарната организација Legs 4 Africa, за да даде поддршка на нејзините обиди да испрати 1.000 многу потребни простетски екстремитети во Африка. Во партнерство со хуманитарната организација со седиште во Лестер и со други локални бизниси, тимот на DS Smith обезбеди големи, ригидни картонски кутии за да овозможи безбедно патување на пратката. Додека илјадници простетски екстремитети се фрлаат секоја година во Обединетото Кралство, Афричките болници имаат очајна потреба за нив бидејќи секоја може да овозможи животна промена за одредени лица. Специјалната пратка беше испратена во Гамбија и во Сенегал, каде што мобилните единици имаат пациенти што ги загубиле своите екстремитети поради дијабетес, несреќи на патиштата или војна. Без ваквата поддршка, пациентите треба да платат далеку повеќе за простетските нозе во споредба со нивната просечна годишна заработувачка.

 

5)   Картонски куќи - Француските специјалисти за изолација во Bat’Ipac забележаа дека на пазарот не постои искористеност на брановидни табли наместо традиционалните изолациски производи кога се градат нови куќи. По седум години усовршување на производот и обезбедувањето на неопходното осигурување, Bat’Ipac, во соработка со DS Smith, ја заврши првата тест-куќа западно од Париз во 2012 година. Оттогаш, заедно како партнери, успеаја да изградат уште тринаесет куќи ширум Франција. DS Smith обезбедува помеѓу пет и десет тони брановиден картон по куќа, којшто потоа Bat’Ipac го ламинира слој по слој за да ја направи изолацијата.

Bat'Ipac - лизгач за реклами 1

 

Плановите на Bat’Ipac за брза експанзија вклучуваат изградба на 100 куќи во следните 12 месеци, а DS Smith ќе продолжи да ја поддржува експанзијата со помош на мрежата од постројки низ Франција и Европа.

6)   Кутии за мозоци - Еден клиент од полето на медицината дојде во DS Smith да праша дали постои можност за кутии за палети коишто се пакуваат лесно и коишто ќе одговараат за транспорт на човечки мозоци. Решението требаше да овозможи транспорт на повеќе од 7.000 човечки мозоци од лаборатории и институции во Обединетото Кралство до голем број на земји за потребите на едно истражување коешто е во тек. Несебично донираните мозоци, некои и пред 50 години, се одложени во слаб раствор на формалдехид и се чуваат во кутија слична на оние за оброци. Тимот за дизајн сега работи со клиентот за развој на Duaboard (АА брановиден), коешто е решение за големи потреби, базирано на претпочитаниот „Easy Pack“ стил на клиентот.

7)   Првиот оригами автомобил во светот - Дизајнерите на DS Smith се надминаа себеси кога го изградија првиот автомобил во светот инспириран од оригами во природна големина. Во партнерство со Scales and Models, се направи картонска реплика во природна големина на новиот IS Lexus седан со помош на 1.700 целосно рециклирачки прецизно исечени картонски табли. Оригами автомобилот има целосен ентериер, функционални врати, фарови и тркала што се движат, но и електричен мотор којшто е намонтиран со неговата челична и алуминиумска рамка. Вметни го видеото овде: https://www.youtube.com/watch?v=O2885UYRhrI

 

8)   Гигантска кутија за пециво – Ginstars, спонзорот на фудбалскиот тим Плимут Аргајл и најголемиот продажник на пециво во Обединетото Кралство, еднаш побара од DS Smith нешто уникатно. Сакаше да направи гигантска кутија за пециво од 60 центиметри, којашто требаше да биде подарена на Јирген Клоп, менаџерот на фудбалскиот тим Ливерпул, по вториот натпревар од третото коло на FA Cup против Плимут Аргајл.  Управниот директор на Ginsters му ја претстави кутијата со пециво на Јирген Клоп на прес-конференцијата по натпреварот, по што привлече големо внимание од медиумите.

9)   Транспорт на стаорци – Во DS Smith еднаш дојде еден клиент којшто го чекаше еден голем предизвик, а тоа е транспорт на глодари по воздушен пат за намената на лабораториски тестови. Побара решение со коешто ќе се спречи испаѓањето на изметот од животните надвор од пакувањето, по што се предизвикува контаминација. DS Smith ги предложи своите AbbeyBarrier решенија и материјал со LDPE потповршина којашто спречува секакво испаѓање, но дозволува директно печатење врз материјалот, сечење, туткање и лепење врз моменталната опрема. Тоа решение претставуваше целосен успех за потрошувачот.

10)    Хартиен пинг-понг - DS Smith се здружи со Decathlon во Португалија, организација којашто е прва во тестирањето на спортски производи, за да осмисли маса за „хартиен пинг-понг“, којашто целосно ќе биде од картон. Првично беа испорачани 1.700 пинг-понг маси до продавници во Франција, Холандија и Португалија. Една недела подоцна, од Decathlon се јавија во DS Smith да кажат дека добиле нарачка за 2.000 маси од ист потрошувач.

Од кутии за мозоци, до транспорт за стаорци, имаме видено и чуено сѐ. Иновативноста е срцето на нашиот бизнис и обожаваме да работиме на проекти како тие горе со коишто навистина се тестираат нашите дизајнерски способности. И така, храбро кон следното невообичаено барање…!