cereal-bar-packaging.jpg

Здравата исхрана води кон здрав развој и ново пакување за Mixitka

Mixitka претставува релативно нов бренд за барови од овошје и житарки со седиште во Р. Чешка. Изминатите неколку години забележи импресивен годишен пораст, двојно повеќе, па заради тоа се јави потреба од пакување кое ќе го забрза процесот на исполнување и притоа ќе го одрази ветувањето на брендот.

Предизвик

Редизајнирање на пакувањето за Mixitka како пакување подготвено за полици (SRP) така што продавниците на брз и привлечен начин можат да ги добијат продуктите на полиците, а притоа рачниот процес на пакување да се извршува колку што е можно поефикасно. И сето тоа без да се загуби природниот карактер на брендот.

Нашиот пристап

Дизајнерите на DS Smith започнаа со дизајн кој беше доволно цврст да овозможи високо редење на пакувањата едно врз друго без притоа да се оштети капакот. Тие искористија еднобоен единичен исечок за капакот и долниот дел од SRP за да го контролираат трошокот и да осигурат лесно склопување. Самиот капак беше развиен со перфорации така што SRP може да се отвори и постави на полицата со саканата брзина потребна на операторите. На крај, беше искористена едноставна и јасна графика за да се нагласи ветувањето на брендот и да се засили свеста за брендот

Резултати

  • Поголема продажба бидејќи SRP решението кое е лесно за отворање ја оптимизира достапноста во продавницата
  • Пониски трошоци бидејќи цврстиот капак и долниот дел го намалуваат оштетувањето на производот
  • Пониски трошоци бидејќи дизајнот на еднобоен единичен исечок го олеснува процесот на рачно пакување и ги намалува трошоците при ракување
  • Силни вредности на бренд бидејќи едноставната графика ги засилува вредностите кои се важни на компанијата и на клиентот