potatoes-packaging.jpg

Заштитна амбалажа за нов вид на компири

Новите компири се покремасти и поблаги од нормалните компири и добредојдена закуска во продавниците по долгата зима. Но за нив е потребна внимателна заштита за да се зачува нивното место на трпезата.

Pacsystem во Helsingborg, Шведска го знае ова подобро од кој било, бидејќи се експерти за правилно пакување садници. Компанијата се појави така што помагаше на малите производители да ги консолидираат нарачките во амбалажа и да заштедат многу при купување големи количини.

Предизвик: 2 пати влага

Секој пакет што се развива за нови компири треба да се справи со влагата на два фронта: од самите компири и од дождот и влагата што доаѓа поради пакувањето на производот среде поле.

„DS Smith е одговорен за технологијата на брановидниот картон и бариерата. Работиме со нив веќе долго време и кога побаравме подобра амбалажа за свежите компири, беше очигледно дека треба да се обратиме кај нив. Тие имаат асортиман од бариери што не може да го понуди никој,“ кажа Ларс Мартенсон (Lars Mårtensson), менаџер за клиенти.

Нашиот пристап: 4 пати поцврсти!

DS Smith ја обложи кутијата со нови компири со водоотпорна бариера на цврстиот картон и жлебовите за да биде отпорна ефикасно на сите напади од влага. Тестовите покажаа дека е до четири пати поцврста за разлика од претходно понудените на пазарот и со подобрена трајност, а истовремено добивате и поисплатлива амбалажа. Во исто време, Pacsystem им нуди на своите потрошувачи кутија со добар изглед и наиде на добар прием и кај малопродавачите и кај крајните потрошувачи – кои што сега може да уживаат во свежите компири со свеж вкус директно од полето – како што треба! Покрај тоа, амбалажата целосно се рециклира со што се задоволуваат очекувањата на потрошувачите во врска со одржливоста

Резултат: Севкупно одлични перформанси

  • Лесна кутија со цврстина да издржи тешки услови
  • Одлична заштита за кршлив производ
  • Пониски трошоци, бидејќи амбалажата не се оштетува пред или за време на транспортот
  • Одржливо решение што може целосно да се рециклира