Заштита и сервирање на најсвежото овошје
Convini е целосно решение за снабдување на деловни простории со храна и пијалаци во над 15 шведски градови. Convini нуди самоуслужни „микро-продавнички“ и решенија за кафемати со цел да ги исполни различните потреби на сите типови на деловни средини. Тоа го прави со фокус кон вкусот, кон здравата храна како и кон бенефитите од појадокот, кафето, ручекот, ужините и вечерата.
Следење на здравјето
„Здравјето е еден силен и постојан тренд“, вели Јонас Каверид, генерален извршен директор на Convini. „Секако, нашата цел е да направиме придонес во тоа на што е можно повеќе нивоа. Како прво, преку можноста за вкусен енергетски суплемент во секое време во работните часови. А, освен што производите се добри, крајно сме сигурни дека храната е здрава и е направена со добри сурови состојки.“
По мерка на корисниците
Компанијата нуди приспособливи решенија за продажба што варираат според фреквентноста на користење и според производите, и во зависност од потребите на корисниците, снабдувањето со нови производи може да се одвива и до шест пати во неделата. Затоа компанијата е во можност да понуди производи како суши, свежа скуша и други производи со многу мал рок на употреба.
Предизвикот: Овошје во гајби!
„Нашата оригинална потреба беше да овозможиме полни пакети со рачки, коишто може да се претворат во примамливи овошни трпези“, вели Јонас.
Нашиот пристап: Три нивоа
По размената на неколку идеи и организирањето на состаноци околу производствениот процес, беа подготвени разни примероци коишто беа оценувани и усовршувани сè додека не се постигна конечниот пакет.
Кога се полни пакетот, тој функционира како нормална картонска гајба или кутија. Се полни одозгора со тврдото овошје на дното, а помекото најгоре. Трансформацијата во трпеза со која се служи овошје се случува кога ќе се подигне горниот дел и ќе се расклопи „полицата“. Абракадабра!
На масата добивате примамлив збир од вкусни овошја. Асортиманот е поделен на „Добро, подобро и најдобро“ - со ова се мисли дека може да се нагласат подруги овошја, пример, до израз да дојдат јагодите и другите зрнести овошја.
Резултати
- Дизајн којшто штеди време и овозможува најбезбеден транспорт и брзо пласирање на производите поради што вработените на Convini можат да прават брзи испораки и да понудат врвна услуга.
- Паметен дизајн и решение за изложување производи со цел Convini да може да ви вети и да го исполни ветувањето дека најдобрата и најздравата храна ќе биде сервирана во беспрекорни услови
- Воодушевени корисници на Convini коишто секој ден го консумираат најсвежото овошје во канцеларија