meatpoultryfish.jpg

Воспоставување одржлив циклус на достава преку пакувањето

Компанијата Young’s Seafood доставува риба веќе повеќе од 200 години, така што не е изненадување тоа што нивниот иницијален фокус е поставен врз заштитата на изворот – рибата и морето. Компанијата е многу посветена во однос на тоа да го намали влијанието врз животната средина во секој дел од нивниот процес, и преку заедничката соработка со DS Smith, кој воедно е и нивни стратешки партнер, успеаја преку пакувањето да го „скротат“ одржливиот циклус на набавки.

Предизвик

Да се намали влијанието врз животната околина, а воедно да се подобри логистиката и ефикасноста при дистрибуција.

Нашиот пристап

DS Smith ја примени експертизата од своите луѓе и го примени својот PackRight пристап за да може да има преглед врз секоја допирна точка од синџирот на набавка; една од клучните области што беше испитувана преставуваше супстрат специфичен за пакетите на своите клиенти. Традиционалниот b-flute брановиден картон е сега заменет со R-Flute® производот на DS Smith кој нуди посупериорна површина за отпечатување, подобрен изглед, ефикасност при машинското произведување и заштеда во рамки на логистиката, особено при ракувањето, складирањето и движењето на дојдовното пакување.

Резултати

Намаленото и постегнато пакување ја нема загрозено цврстината или перформансите, и резултираше со:

  • повеќе пакети во една дојдовна достава
  • повеќе од 26% намалување на движењето на палетите
  • 6% зголемување на капацитетот на товарање на возило; придонес од 10,5% намалување на емисиите на јаглерод по единица поврзани со транспортот
  • значително зголемување на ефикасноста при складирање и транспорт
  • за користење на FSC акредитирани материјали

Капакот R-Flute® беше интензивно развиван со цел да се овозможи подобро пакување со широк опсег на апликации за FMCG и Retail Ready Packaging (Пакување за малопродажба), а сето тоа доведе до значително намалување на искористената енергија, емисија на јаглерод и намалување на горивото потребно за транспорт на Young’s Seafood.

DS Smith беа повеќе од воодушевени кога ја добија наградата за најдобар снабдувач за годината 2015 од Young’s Seafood.