Lunette-myymalapakkaus.jpg

Стилска и трајна амбалажа која промовира продажба

Lune Group Oy е финска компанија која е специјализирана за развој, производство и продажба на менструални капачиња Lunette. Иако е сместена во Финска, нејзините клиенти се низ цел свет.

Предизвик: да се создаде трајна и еколошка амбалажа што изгледа добро

Предизвикот беше да се создаде амбалажа за менструалните капачиња Lunette која изгледа добро, да е еколошка и да го олеснува транспортот. Амбалажата требаше да го пренесува високиот квалитет на производот.

Наше решение: Приспособливо решение за полиците, на штандот или за транспорт

DS Smith направи дизајн за амбалажата и за транспортното решение за пакетите кои може да се отворат двојно како да се изложени во продавница.

Бидејќи амбалажата требаше да го одразува високиот квалитет на менструалните капачиња Lunette, на двете страни и на површините од амбалажата беше направено со заматен лак. Примарната амбалажа има биоразградлив филм, што значи дека производот може да се гледа додека е внатре во пакетот, а сепак амбалажата е хигиенска и целосно се рециклира.

Амбалажата со брановиден акртрон е трајна, како што е и транспортното решение коешто може да се користи и за рекламен штанд во продавниците, но и ги штити производите при транспортот со што се намалува загубата од производот.

Импресивниот изглед на амбалажата ја кажува приказната за Lunette, која ја поттикнува продажбата и успехот на компанијата.

Резултат: Стилска, примамлива, еколошка и делотворна амбалажа

  • Стилската амбалажа ги привлекува купувачите и ја кажува приказната за менструалните капачиња Lunette
  • Пакетите се едноставни и брзо се ставаат на штандот во продавницата на нивните готови штандови во продавницата
  • Продажните пакети и изложбениот штанд го штитат производот и може да се транспортира без оштетување
  • Амбалажата може целосно да се рециклира, бидејќи брановидниот картон е направен од влакна, а прозорците од филм се биоразградливи со што му сугерира на потрошувачот дека производителот се грижи за животната средина.