Ставање "тапа" на трошоците за винската индустрија
Околу половина од плутените тапи за вината се произведуваат во Португалија што изнесува до неверојатни 100.000 тони годишно. Ефикасноста во транспортот е од најважно значење поради тоа што се произведуваат толку многу тапи за целиот свет
Предизвик: Амбалажа која ќе ја олесни автоматиката и ќе ги намали трошоците
Повеќето производители на плутени тапи користат тежок процес што одзема многу време и материјали за амбалажа. Винските тапи се пакуваат рачно во кеси од рафија/пластика и се затвораат со зашивање или лепење на рабовите. Откако ќе се затворат, сите кеси се поставуваат рачно на палети за транспорт/чување.
Нашиот пристап: Поголем волумен, брзо празнење
Нашите напори ги насочивме кон развој на четириаголен или осумаголен сад од брановиден картон што може да содржи до 75.000-90.000 вински тапи без дефомација и да има отвор на предната страна за празнење на производот.
Конечниот резултат е кутија од брановиден картон (1220x1150x2500 mm) со два сада за празнење на спротивните страни од амбалажата за да се скрати времето за празнење. Самосклопувачкото дно дава дополнителна флексибилност и е погодно за транспорт во камион и за бродски контејнери.
Резултати: Побрза, поевтина и полесна амбалажа
- Пониски трошоци за работна сила благодарение на намаленото време за пакување
- Пониски транспортни трошоци поради оптимизирање на просторот при складирање и транспорт
- Подобрена еколошка заштита, бидејќи решението скоро целосно се рециклира и за него се користи многу помалку материјал отколку кај претходното
- Зголемена леснотија при користењето и намалено време за празнење за крајниот корисник.