Поевтина и поефикасна складирачка амбалажа за Elgiganten
Elgiganten е еден од најголемите продавачи на мало на куќни електронски уреди во Скандинавија со складиште кое има големина од четиринаесет фудбалски игралишта и целосно натоварен камион го напушта складот на секои шест минути, 24 часа на ден.
Меѓутоа, како што продолжува да расте бројот на клиенти кои ги купуваат нивните електронски производи преку интернет и многу од нив ја очекуваат пратката уште следниот ден, Elgiganten вложи значителна сума во своите простории за да ја задоволи оваа побарувачка.
Со нашето стручно знаење во методите и материјалите за пакување, нашиот тим во Шведска беше во состојба да му помогне на Elgiganten да избере и да инсталира нови машини.
Тие машини беа далеку поефикасни отколку претходните системи и го елиминираа вишокот полнеж во кутиите. Тоа значи дека производите не само што се пакуваат побрзо, туку имаше и повеќе простор во камионите за испорака за други нарачки.
„Без помошта од DS Smith едноставно не ќе можевме да се справиме со зголемениот број порачки,“ вели портпаролот на Elgiganten, „и дури по нивниот совет можевме да постигнеме значителни заштеди во нашата линија за пакување и да испорачаме повеќе порачки за побрзо време до нашите клиенти. Сите се одушевени.“Фотографии:Питер Нигрен, пазар за пакување