DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локалната услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот.
Понуда
Без оглед на потребите од амбалажа, DS Smith е вашиот идеален стратешки партнер. Имаме различни типови производи што опслужуваат различни сегменти. Амбалажата не е само производ, туку вистинска технологија што вклучува поими од заштитата до презентацијата за продажба. Како пионери во осмислувањето амбалажа и експерти за циклусот на снабдување, фокусирани сме на заштеда на вашето време и намалување на трошоците за подобрување на вашата ефикасност.
Пазари
Пакуваме производи за различни сегменти и се грижиме нашите решенија да бидат според очекувањата на вашите клиенти.
Прикажаните примерите се дел од нашата понуда. Се надеваме дека ќе бидат извор на инспирација за откривање нови можности за пакување.
Стратези
Стратезите за амбалажа на DS Smith работат заедно со клиентите за да испорачаат вредност преку исклучително работење на амбалажата во секоја фаза од циклусот на набавка. Какви и да се вашите потреби за амбалажа, ние ќе ви помогнеме да ја зголемите продажбата, да ги намалите трошоците и да управувате со ризиците.
Контакт
За Акционерите
Контакт лице со инвеститорите:
Овластено лице за контакт со инвеститори во ДС СМИТХ АД Скопје е:
Како дел од своите планови за да допре до целната група (семејства со мали деца) во продавниците на Fakta низ целата земја, Coop Denmark сакаше некој да развие за нив пакет кој ќе претставува убав подарок за членовите на нивниот бебе-клуб.
Предизвикот
Пакетот требаше да ги содржи основните производи за едно младо семејство, како кукла, пелени, масло за бебе, кашички за бебе, итн. Во дополнување, пакетот требаше да има убав и привлечен дизајн, требаше да биде лесен за носење и погоден за носење дома од продавницата. Coop Danmark, исто така сакаше да го искористи пакетот за да ја зголеми продажбата на производите кои беа вклучени во истиот. Од таа причина, тие сфатија дека всушност на нив им е потребно да ги претстават и промовираат содржините на пакетот кон семејствата со мали деца.
Пристапот
DS Smith го покани на кафе и разговор Coop Denmark во својот центар PackRight во Taastrup. Таму, DS Smith одржа краток состанок со Coop Denmark во кој дискутираа за нивните потреби, очекувања и возможности. Неколку дена подоцна во центарот PackRight во Taastrup решението беше претставено на клиентот, кој го одобри со неколку помали измени. Решението претставуваше визуелно привлечно куферче за бебе со рачка која му овозможуваше на клиентот полесно да ја однесе дома од продавницата. Пакетот (куферчето) беше претставен и промовирано на два проминентни прикази дизајнирани од страна на Ulrik Rosenørn, конструктивен дизајнер.
Резултат
Пакување кое е лесно за носење и дополнително му олеснува на потрошувачот да го однесе дома пакетот од продавницата
Цврсто пакување кое без проблеми ќе го преживее патувањето од пакувачот до клиентот
Атрактивен визуелен дизајн кој ќе ја привлече новата мајка
Возможност потрошувачот да го чува пакетот дома и да го користи за складирање
Впечатливи прикази кои ги носат производите во преден план