Myynninedistamistuotteet.jpg

Лесна за монтирање, транспорт и рециклирање – Новата генерација на штанд за саем е хит

Финската компанија Lune Group Oy е специјализирана за развој, маркетинг и производство на водечки производи за хигиена на жените. Од нивната база во руралното место Juupajoki (200 km северно од Хелсинки), Финска, тие ги опслужуваат клиентите во целиот свет.

Предизвик: да се направи едноставен штанд за саем кој ќе ја зацврсти пораката на компанијата 

Предизвикот беше да се направи штанд за на саем што ќе биде лесен и погоден за транспорт за промоција на продажбата и ќе може да го носи на различни саеми надвор од Финска. Решението требаше да биде со можност за рециклирање и доволно исплатливо така што компанијата не ќе мора да плаќа за повратен транспорт до Финска по завршувањето на саемот.

Наше решение: Генијална и иновативна структура направена од брановиден картон

DS Smith направи дизајн за исплатливо решение за штанд за на саем изработено од брановиден картон, кое е карактеристично и може да се превиткува, а ја пренесува и пораката на брендот Lunette. Беа направени различни верзии за да одговараат на барањата од клиентите за саеми во различни држави. 

Дизајнираниот штанд за на саем има ѕидови направени од брановиден картон, штандови со полици, стилски столчиња кли издржуваат тежина на возрасни, саемски масички и PrintArtFlute плочи на кои е прикажан брендот на Lunette.

Продажниот материјал за штандовите за на саем изгледа спектакуларно и може да се произведува на исплатлив начин (дури и како уникатен примерок) со помош дигиталниот печатач и автоматската линија за сечење на DS Smith. Нема потреба да се инвестира во скапи алатки за сечење и плочки за печатење.

Штандот од брановиден картон се превиткува за да биде рамен за лесна испорака и може да се рециклира во земјата каде што настапува компанијата. Ова е еколошко и исплатливо и нема причина да се транспортира назад во Финска.

Meri Virtanen (Мери Виртанен), среќниот помошник за креативност за линихата Lune Group Oy, стои зад еколошкиот семски штанд во Германија пролетта 2016 година. 

Резултат: Исплатлив и еколошки штанд кој го поттикнува брендот

  • Подобрување на брендот со бои и облик дизајнирани како поддршка за брендот Lunette.
  • Минимални трошоци за пеерсонал затоа што решението е доволно лесно за едноставно поставување, а нема ниту безбедносни грижи во врска со кревањето тешки предмети.
  • Еколошкото решение што може да се рециклира може да се превитка по употребата и да се рециклира како обичен картонски отпад со важни последици врз вкупниот трошок и еколошкото влијание на производот.
  • Доволно цврсто за да се користи повторно за повеќе настани 
  • Ја покажува посветеноста на компанијата за одржливост, зацврстување на ветувањето на брендот со тоа се користат мастила што се раствораат во вода, лесно се рециклира и ги намалува транспортните емисии.