top.jpg

Користењето на брановидна амбалажа заштедува време и пари за една глобална автомобилска компанија

Еден глобален производител на автомобилски компоненти во Западна Шведска произведува дискови за сопирачки, глави за тркала и оски за патнички и комерцијални возила. Фабриката има долго минато на висококвалитетни производи и долготрајни односи со потрошувачите и нема место за никаков компромис (освен ако не го направите буквално!)

Предизвик – пониски трошоци, помалку простор, полесно ракување

Да се снижи вкупниот трошок за амбалажата којашто се пренесува од производниот погон во Шведска до центарот за складирање во Гент, Белгија. Тоа значи помалку скапи материјали, но и оптимизирана големина на палетата и порационален, ергономски и ефикасен процес за пакување на стоката која тежи и до 50 kg.

Наш пристап – Консултација со експерти

Стратезите за амбалажа на DS Smith го посетија клиентот, но, исто така, ја поканија нивната проектна група да се сретне со нас во центарот PackRight во Мариестад.

Му покажавме на клиентот што е навистина возможно ако се замени дрвената амбалажа со брановиден картон (со сведоштва од неколку шведски компании што работат ширум светот). Ние го искористивме нашиот брановиден картон отпорен на влага; обложен брановиден картон дизајниран да биде водоотпорен и да издржува во тешки средини. Наш специјалист во Системи за амбалажа направи темелна пресметка за фазата на пакување со што најдоброто можно решение ги зеде предвид потребите на сите. Ги ангажиравме сите наши надлежни лица во компанијата; нашиот центар PackRight, специјалист во Системи за пакување и специјалист за производи од брановиден картон.

Резултат – Одлични перформанси на амбалажата

  • Пониски трошоци во споредба со дрвената амбалажа, заштеда од 1,5 милион шведски круни
  • Пониско испуштање на CO2 г. со 33% повеќе производи по палета
  • Пониски транспортни трошоци, бидејќи пратките од Шведска до Белгија се намалија за 25%
  • Подобрени еколошки перформанси, бидејќи отпадот лесно се рециклира
  • Побрзо и поергономско пакување благодарение на полуавтоматските калапи со вакуум за склопување на амбалажата
  • Лесна примена, бидејќи новата амбалажа се интегрира во постоечката автоматика која ја крева главата на тркалото во кутија и го палетизира
  • Потребен е помал простор за складирање на амбалажата. На дрвеното решение му требаше деветпати повеќе простор за складирање на амбалажата.

Зголемување на заштедата: успешното решение за амбалажа доведе до тоа DS Smith да ја редизајнира амбалажата за дополнителна производна линија со што се зголеми заштедата на неверојатни 2,4 милиона шведски круни (260.000 €).