title 1.png

Висококвалитетните штандови ја зголемуваат продажбата

iTools е данска трговска компанија која е специјално насочена кон безбедносна опрема, вклучувајќи респираторни маски за индустријата и за продавниците „направи сам“. Маската на iTools е базирана на најнова технологија со што му се даваат на производот некои јасни предности во однос на конкурентските производи, па iTools имаше потреба од штанд кој што ќе може да помогне да се истакнат овие придобивки за клиентите.

Предизвик

Маските на iTools се одликуваат со висок квалитет и отскокнуваат во споредба со слични производи на пазарот, но високиот квалитет не беше очигледен за купувачите кога ќе бидат поставени на рафтовите заедно со конкурентските производи. Поради тоа, iTools имаше потреба од впечатлив штанд за да се означат уникатните предности и да се истакнат во продавниците. Штандот требаше да биде функционален, да се користи во повеќе околности, а дизајнот требаше да го одразува вискиот квалитет на производите.

Нашиот пристап

Тимот на DS Smith направи дизајн за флексибилен штанд што може да се претвори од диск во поден штанд со две фиоки. На тој начин, големината на штандот може да се приспособува според потребите.

Освен тоа, се обрна особено внимание на визуелниот дизајн. Штандот се произведе со визуелен дизајн на највисоко ниво со цел да ги одрази висококвалитетните производи. Се истакнува благодарение на сјајната завршна обработка и отпечатениот внатрешен дел. Двете карактеристики му даваат на штандот чувство на ексклузивност, а со тоа се создава вистинска рамка за приозводот.

Крајното решение беше развиено во тесна соработка со iTools, кои имаа голем број идеи за штандот и даваа предлози во текот на целиот процес. Поради тоа, штандот е по мерка на потребите на iTools и целосно според ДНК на брендот.

Резултати

  • Двојно зголемена продажба со дисплеи во споредба со перформансите од полиците
  • Привлечен дисплеј кој го насочува вниманието конпродуктот
  • Флексибилен дисплеј ком може да се пренамени од диск во дисплеј за под

Искуство на купувачи

Соработката со DS Smith се одвиваше одлично. DS Smith излегоа со различни модели кои ни помогнаа да го пронајдеме вистинското решение. Низ целиот процес, постоеше одличен дијалог, ние сме многу задоволни со дисплејот, кој резултираше со одличен напредок во поглед на продажбата.

Ulrik Bruhn, Управен Директор, iTools