onlien-shopping.jpg

Голема заштеда при испораката со помош на е-трговија

Matas.dk претставува водечка онлајн продавница за сите вљубени во модата со голем опсег на производи кој опфаќа од производи за убавина до производи за секојдневниот живот.

Предизвик

Кога Matas им пристапи на DS Smith, тие се соочуваа со бавен, неефективен и неергономски процес на пакување на нарачките кои пристигнуваа преку интернет продавницата. Во дополнување, нивните кутии за испорака не ги исполнуваа оптималните мерки во однос на тарифите за поштенската испорака. Тие сакаа да заштедат време во процесот на пакување и да развијат порентабилно решение за испорака.

Пристап

Беа развиени два нови типа на кутии за испорака. Благодарение на автоматскиот долен дел, новите кутии на ергономски начин беа лесни за подигнување и составување. Исто така, кутиите беа приспособени според тарифите за поштенската испорака, притоа овозможувајќи му на клиентот значителна заштеда во однос на трошоците за испорака.

Во дополнување, кутиите беа дизајнирани со дополнителен опсег на придобивки, како намалување на CO2 емисијата како резултат на светлината и компактноста на R-Flute® материјалот.

Резултати

  • 100.000 евра заштеда на годишно ниво во однос на трошоците за испорака, заради новите оптимизирани големини на кутиите
  • Пониски трошоци бидејќи автоматскиот долен дел осигурува 30% побрзо составување на кутиите
  • Управување со ризици благодарение на мерките за заштита од кражба во долниот дел до кутијата, а со тоа и намалување на ризикот за кражба за време на испораката
  • Подобро прилагодување во однос на околината заради помалата тежина, бидејќи полесниот R-Flute® материјал на DS Smith ја зголемува количината на производ по палета
  • Лесно отворање со дизајнирана карактеристика на „кинење“ која осигурува дека нема да бидат потребни никакви алатки за да се отвори кутијата

Соработката со DS Smith беше одлична. Денес, располагаме со две кутии за испорака, наместо пет, кои се многу полесни за пакување, намалувајќи ги трошоците за испорака. Искусивме блиска соработка при развивањето на решението и навистина чувствуваме дека DS Smith ги слушна и разбра нашите потреби.

— Mia Rasmussen, координатор за логистика во Matas A/S