Flowers-direct.jpg

Flowers Direct во целосен подем благодарение на DS Smith

Одделението за пакување на DS Smith во Обединетото Кралство им помогна на Flowers Direct да креираат нов пакет за е-малопродажба кој навистина лесно може да се воочи и кој го заштитува производот низ целиот циклус на набавки.

Предизвик

Онлајн компанијата за малопродажба на цвеќиња Flowers Direct ги предизвика на DS Smith да изнајдат пакување кое ќе ги опфати основните вредности на нивниот бренд - едноставност, автентичност, природност и свежина. Пакувањето мораше да биде лесно за отворање, естетски задоволително, да не влијае врз животната средина и да ги заштити свежите цвеќиња во текот на транспортот.

Пристап

Flowers Direct и DS Smith уште од самиот почеток се согласија дека пакувањето треба да направи некаква разлика, да биде уникатно на пазарот и да предизвика силна позитивна реакција со самото пристигнување на пазарот. Тимот на DS Smith ги разгледа повратните информации од клиентите и самата суштина на брендот, а исто така ги ревидираше и потрадиционалните елементи како процесот на пакување и системот на достава преку курир.

Резултати

  • Новиот пакет за е-малопродажба овозможува сигурност и заштита на производите, а во исто време го одржува идентитетот на брендот
  • Пакетот доби уникатен облик, беше многу лесен за отворање, а воедно ги исполни и сите барања на Flowers Direct во однос на животната средина
  • Интегрираната единична самозатворачка лента ја намалува забуната при отворање и притоа одржува висок степен на сигурност при пренос и обезбедува дека нема да дојде до никакво оштетување на цвеќињата

Заклучок

Пазарењето од дома претставува еден од најбрзо растечките пазари во Европа и е далеку од јасно дека овој пазар има долга и светла иднина. Земајќи предвид дека станува збор за навистина деликатен производ и бизнис кој во голема мера се потпира на е-малопродажба, за Flowers Direct беше одлучувачки да имаат пакет кој ќе го заштити нивниот производ дури и од најригорозните и сложени циклуси на набавки. Раното ангажирање заедно со Flowers Direct му дозволи на DS Smith да осигури дека нивниот дизајн ќе биде порамнет со целосната маркетинг-стратегија насочена кон клиентот, како и нивните логистички потреби.