Една амбалажа за два индистриски сектора
Различни материјали и производи кои се доставуваат на различни начини и бараат различни нивоа на заштита. На пример, големите алуминиумски профили може да се пренесуваат нестегнати, додека ЛЕД-лентите треба да имаат неопходна заштита од удари за да пристигнат безбедно по патот.
Предизвик
Два производитела од различни сектори (градежништво и електроника) се обратија во DS Smith за помош да развијат транспортна амбалажа за да можат да ја транспортираат безбедно и во целост нивната иновација, направена од големи алумниумски профили со интегрирани ЛЕД-ленти, до САД.
Нашиот пристап
Да развиеме рентабилна и заштитна амбалажа која ги задоволува потребите за иновативен нов производ. Откако го завршивме дизајнот, требаше да ги убедиме производителите за нашиот концепт. Ја подложивме амбалажата на голем број тестирања во целосно опремениот тест центар на DS Smith (центарот pack right). Амбалажата која го содржеше производот претрпи тест со паѓање според најновите стандарди, а потоа беа темелно проверени ЛЕД-светилките пред да се товарат на авион.
Резултат
- Подобра заштита, бидејќи амбалажата отпорна на удари овозможува кршливите и вредните производи да стигнат на пазарот
- Поголема продажба затоа што клиентите брзо ја добиваат својата стока благодарение на амбалажата соодветна за воздушен транспорт
- Пониски трошоци заради подобрената логистика и складиштење со решение со можност за редење.
- Подобра еколошка заштита поради можност за рециклирање на решението
- Зголемена рентабилност затоа што решението може да се затвора повторно, па така ќе се користи повеќе пати.
Решението се состои од обвивка (комбинација од дрво и картон) со 4 внатрешни слоја за пакување во 6 реда. Секој слој се состои од брановиден картонски лист со лепливи ПЕ ленти за заштита на електрониката од удари за време на транспортот.